Удрил во бетонски ѕид од куќа, двајца повредени

by fokus

Вчера во 04:20 часот на улица „100“ во село Волково, патничко моторно возило „Цитроен Ц 2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(21) од Скопjе, удрилo во бетонски ѕид од куќа.

Притоа, со повреди се здобиле Х.Ѓ. и сопатничката Н.П.(19) од Скопје. Тие со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургенетен центар при комлекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости