Прифатив уставна промена затоа што верувам во ова решение, рече Заев

by fokus

Ќе се обидеме да најдеме решение за спорот со името, ова е вин-вин ситуација. Очекуваме разговорите да продолжат, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.

Тој рече дека треба да му се даде шанса на предлогот Илинденска Македонија, за кој како што рече, верува дека е решение.

Состанок во Њујорк беше претходно закажан и ние само го потврдивме. Прифативме промена на Уставот затоа што е решение кое го сочувува нашето достоинство, а ги исполнува и нините услови, рече Заев.

На новинарско прашање дали отпаѓа предлогот „Илинденска Македонија“, Заев рече дека во Македонија тој не оптаѓа и дека треба до крај да се разговара за решението.

-Грција да се фокусира и добро да размисли затоа што овој предлог ги исполнува очекувањата на граѓаните на двете земји, рече Заев.

М.В.

Поврзани новости