Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека во експлозија на рудник за јаглен на северот на Турција загинале 22 рудари.
Тој кажа дека најмалку 20 лица се спасени од рудникот за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Амасра и дека тие се повредени, пренесува Асошиејтед прес.
Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез рече дека експлозијата најверојатно ја предизвикал руднички гас – запалив гас кој се наоѓа во рудниците за јаглен.
Турската управа за катастрофи ги повлече претходно објавените тврдења дека експлозијата ја предизвикал трансформатор и истакна дека причината за експлозијата и понатаму е непозната.
Претходно, локалниот гувернер Нуртач Арслан кажа дека 49 рудари се заробени под земја по експлозијата.