(ВИДЕО) Един до Селмани и Поповски: Ова е лицемерно, за каква слобода на печат зборуваме со 300 евра плата?

by fokus

Денешната панел дискусија по повод Денот на слободата на печатот во еден момент стана тензична, кога збор зема Един Хајдарпашиќ од телевизија 24. Тој им рече на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани и министерот Роберт Поповски дека седењето и зборувањето за слободата на медиумите и за норвешки стандарди, во време кога македонските новинари земаат 300 евра плата и се заплашени е лицемерно.

-Луѓе, македонските медиуми се во дупка. Да не ви ја нарушив дебатата со ова, да не ви сметам? Селмани, ти си наша или на нивна страна? Се бориш за правата на новинарите или за проекти за здружението? Овие луѓе позади мене зимаат по 300 евра плата.

 

 
ВИДЕО: ТВ 21

Поврзани новости