Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ објави снимка од пред салата, каде што според него, се одржува настан за дрифтање со 300 возила.
„Срам и арам! На ваков тажен ден, кога цела земја плаче по 60 загинати деца, некому текнало да организира дрифт настан со над 300 возила, а пријавиле „снимање спот”. При тоа, причинети десетина судари и штети на паркингот на СЦ „Борис Трајковски”. Ова ниту сум го дозволил, ниту некогаш ќе го дозволам! Благодарност до МВР и ПС Карпош за брзата реакција и растерување на овие несовесни граѓани, по пријавата од мене како директор на СЦ „Борис Трајковски”. Апел до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да се однесуваме најчовечки. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостоловски.