644
Откако Средношколскиот пленум реагираше на притисоците кои им беа вршени на средношколците пред вчерашниот протест, денеска објавија и видео од заклучувањето во една скопска гимназија.
На видеото се слуша возрасен глас кој вели: „Дете да не искочи, слушаш? Никој да не искочи!“.
И Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше на последните случување за вршење на притисок и етикетирање на средношколците кои вчера протестираа. Од Хелсиншки велат дека повторно е загрозено правото на слобода на здружување и слобода на мирно собирање, кое им е гарантирано и на децата со Конвенцијата за правата на децата, која Република Македонија ја има ратификувано.