Коцијанчиќ: Поканата е испратена директно до Иванов

by Фокус

Поканата за учество на Самитот за меѓународната мигрантска криза овој викенд во Брисел била упатена директно до претседателот Ѓорѓе Иванов, со одлука на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, без претходно консултации,  потврдија за телевизија Телма од Европската Комисија.

-Претседателот Јункер ја испрати поканата директно до г-динот Ѓорѓе Иванов , претседател на Поранешната југословенска Република Македонија. Тоа беше одлука на претседателот Јункер без претходни консултации, изјави за Телма, портпаролката на ЕК, Маја Коцијанциќ на прашањето: дали поканата е упатена директно до Иванов со или без претходни консултации со македонските власти.

Со ова се негира тврдењето на Владата дека одлуката кој да оди на Самитот била по претходен договор меѓу македонските институции, затоа што поканата била испратена директно до претседателот Иванов и немало ниту простор за консултации меѓу македонските институции  кој да оди во Брисел.

Поврзани новости