616
Бугарски граѓанин кој пред лидерот на македонската опозиција се престави дека е внук на Никола Вапцаров, денеска на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград се обиде на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски да му подари книга за Никола Вапцаров , посочувајќи дека тука во книгата пишува се, кој е и што е Вапцаров, објави бугарската телевизија БТВ
Мицковски го одби подарокот:
„ Да ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Вапцаров за Македонија и неговиот македонски идентитет, следниот пат ви ветувам дека ќе ви дадам книга, вие читајте ја и учете ја вашата историја, а ние нашата, му одговори Мицковски