(ВИДЕО) Руски социолог: Ова што го прави Москва во Украина е садизам, војна против народот

by Fokus

Во емисија на руската државна телевизија, учесниците на дебатата разговарале за неодамнешниот напад на Русија врз електроенергетската инфраструктура на Украина, а еден од гостите почнал да ги критикува руските акции и бомбардирањето на украинските електрани, што го натерало водителот да го прекине.

Имено, Русија во последните недели ги интензивираше нападите врз украинските централи, а претседателот Влодимир Зеленски потврди дека Русите уништиле 30 отсто од нивните електрани за осум дена и предизвикале масовни прекини на струја низ целата земја, пренесува „Јутрањи“.

„Не знам за каков праведен светски поредок можеме да зборуваме кога ги уништуваме електраните и инфраструктурата во Украина“, рекол социологот Алексеј Рошчин на емисијата објавена на Твитер во саботата од Џулија Дејвис, колумнистка на „Дејли Бист“ и основач на рускиот „Медија монитор“.

„Ова е суровост и садизам, војна против цивилите. Ова е војна против народот“, продолжи тој.

Водителот Норкин повторно го прекинал, велејќи му: „Ме тераш да објаснам се што е кажано во нашето студио додека те немаше во последните три, четири, пет години…“

Поврзани новости