513
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на својот Фејсбук профил објави видео од вежба на Специјалната единица за посебни задачи – „Тигри”.
Во видеото главен актер е Чавков, од почетокот кога пристигнува на полигонот, до последното обраќање до припадниците на специјалната единица. Самите кадри и музиката во позадина пак, му даваат на видео записот драматичен акцент.
Инаку, во него е прикажана тактичко показна вежба на Единицата за специјални задачи за уништување на терористичка група од повеќе лица со употреба на снајперски оган, РПГ и оклопни возила „Хермелин“.
Видео записот може да го погледнете тука.