444
Работната недела на британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон, кој неодамна стапи на функцијата, му започна со добивање сертификат за положен испит по македонски јазик – ниво Ц1.
-Многу сум среќен што положив испит по македонски јазик, Ц1. Ова е доказ од Министерството. Негувајте ги вашите јазик и вашата култура – вели Лосон во видеопораката на македонски јазик.
🇲🇰Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик. pic.twitter.com/EWG2VOjIAE
— MatthewLawsonUK (@MatthewLawsonUK) October 17, 2022