866
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, за време на денешната посета на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан, на еден од работниците му го подари сакото.
-Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво – му рече работникот на Борисов, по што тој му го даде сакото.
Наредниот месец во Бугарија ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори, на кои ГЕРБ на Борисов, според последните анкети, влегува како фаворит за победа.