Претставникот на Трамп за Косово тврди дека Курти е антиамериканец

by Фокус

Лидерот на Самоопределување Албин Курти, кој убедливо победи на последните парламентарни избори во Косово,  отсекогаш бил антиамерикански настроен, тврди Ричард Гренел, специјален пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за преговорите меѓу Белград и Приштина.

-Албин Курти беше против Бил Клинтон во Рамбује, беше против Буш во Виена, беше против Барак Обама и (тогашниот потпретседател на САД) Бајден по прашањето за демаркација на границата. Курти беше против Доналд Трамп по прашањето за нормализирање на економските односи со Србија. Тој повторно ќе биде против Бајден. Курти е постојано против Америка – вели Гренел.

Поврзани новости