Во Србија можно е затворање на рестораните, Грција го ограничува движењето

by Фокус

Главниот епидемиолог на Србија, Предраг Кон, оцени дека епидемиолошката состојба во Белград е катастрофална и најави дека ќе побара целосно затворање на сите угостителски објекти најмалку седум дена. Според него, неприфатливо е мерките да бидат благи, како што е случајот сега. Драстичните мерки ќе ги побара на состанокот на Кризниот штаб што ќе се одржи утре или в петок.

-Доаѓа сериозен период. Ако не се поставиме строго, ќе имаме зголемување на бројот на заразени – предупредува Кон, според кого најопасен е моментот на преполнување на болниците, бидејќи, како што истакнува, паралелно со процесот на вакцинација се зголемува хоспитализацијата.

И Грција ги заострува антиковид мерките. Од утре до 16 март во земјата се воведуваат построги мерки, со кои се ограничува движењето и се зголемуваат контролите.

Поврзани новости