ВИДЕО Белоруски полицајци ги спуштија штитовите пред демонстрантите во Минкс

by Фокус

Припадници на интервентната полиција во центарот на Минск ги спуштија штитовите во знак на солидарност со демонстрантите, кои се собраа на Плоштадот на независноста во Минск, барајќи оставка од претседателот Александар Лукашенко, јавува дописникот на „Спутник“.

Демонстрантите го поздравија потегот на полицијата, а жени пристапуваат кон полицијата, ги гушкаат и им даваат цвеќиња. Полициските вооружени сили не реагираа на тоа, но се ракуваа со демонстрантите.

Насобраните извикуваа „Света (Светлана Тихановскаја) е наш претседател“, „Полицијата е со народот“, „Пребројте ги гласовите“, „Оди си“.

Поврзани новости