Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и Тв Телма денеска на прес конференција во Владата беа нападнати вербално од министерот Крешник Бектеши.
Тој не даваше конкретни одговори на поставени новинарски прашања на двата медиуми за зделката на ЕСМ за цените на гасот, а не беше поштеден од новинарот Огнен Чанчаревиќ од Телма, кој го нарече Бектеши „безобразен“.
По ваквото скандалозно однесување на Бектеши се огласи и АВМУ која упати критики кон првиот човек на Министерството за економија.
„Носителите на јавни функции треба да се воздржат од изнесување лични ставови, коментари и етикетирања со кои се загрозува слободата на медиумите и може да води кон појава на самоцензура. Агенцијата повторно апелира дека е неопходно да се вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за непречено работење на медиумските работници, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи“, се вели во реакцијата на АВМУ.