(Видео) Бајден ѝ го згреши името на вдовицата на Навални, ја нарече Јоланда

by Fokus

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот се сретна со вдовицата и ќерката на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални.

Сепак, тој во изјава за медиумите Јулија, ја нарече Јоланда.

„Но, едно ми е јасно дека Јоланда ќе ја продолжи борбата што ја водеше. Затоа не се откажуваме“, рече тој и многу брзо го напушти местото без да одговори на прашањата на новинарите.

Белата куќа не коментираше за мешањето на името, ниту пак официјалните лица оспорија дека Бајден направил грешка. Срамниот гаф е снимен во официјалниот транскрипт објавен во петокот наутро.

Поврзани новости