(ВИДЕО) Ангелов за Гостивар: Состојбата со водата е подобрена, но потребно е време да почне да се пие

by irena 13:11
13:11

Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови.

„Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но потребно е време за истата да биде прогласена за чиста за пиење. АХВ ќе го направи тоа кога водата ќе биде и хемиски и бактериолошки исправна за пиење“, изјави Ангелов.

Слични вести