Во полициска акција во БиХ уапсени се 15 лица, запленети 150 килограми дрога

by irena 16:26
16:26

Во акцијата „Вртлог“, Федералната полиција на БиХ уапси 15 лица и заплени повеќе од 100 килограми дрога и 83 литри амфетаминско масло.

Акцијата, како што пренесува ATV, е спроведена утрово по налог на ПОСКОК (POSKOK) при Федералното обвинителство, а е насочена кон сузбивање на организираниот криминал, шверцот со дрога и перењето пари.

„За време на спроведувањето на акцијата ‘Вртлог’, уапсени се 15 лица од подрачјето на Сараево и Зеница, под сомнение дека сториле кривични дела поврзани со организиран криминал, неовластено производство и промет на наркотични дроги, како и перење пари“, соопштија од Федералната управа на полицијата (ФУП).

Како дел од операцијата, извршени се претреси на станбени и помошни објекти, како и на возилата што ги користеле осомничените.

„Во текот на операцијата се пронајдени и привремено одземени околу 58 килограми канабис, околу 39 килограми амфетамин, како и 83 литри амфетаминско масло, за кое се проценува дека би можело да послужи за производство на 600 до 700 килограми амфетамин“, се наведува во полициското соопштение.

Слични вести