61
Пред малку тешки пожари избувнаа на територијата на Волково (БППЗ Скопје постепено го става под контрола) и на територијата на општина Сопиште (зад Водно) каде започнува интервенција на БППЗ Скопје а се упатени и 4 пинцгауери на ДЗС.
Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште (зад Водно).
Пред малку поголем пожар изби во близина на Јажинце, благодарение на брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата истиот е брзо изгаснат.