Турскиот гигант Фенербахче, вечерва и официјално го промовираше македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски во ново засилување.
Тој во новата сезона во турскиот клуб ќе игра на позајмица од Ал Ахли, каде што настапуваше во изминатата сезона и ќе биде втор македонски репрезентативец кој ќе го носи дресот на овој турски гигант.