Видео: Ако одите на протест ќе ви го намалам поведението

by Фокус 19:14
19:14

-Трета осум, не сакате да се качите? Добро, немојте да се качувате. Ама немојте да дојдете на крајот на годината и да барате поведението да ви се врати назад. И за факултет ви треба и за секаде, им порача директорката на битолското медицинско училиште „д-р Јован Калаузи“ на средношколците кои сакаа да одат на протестот против лошите реформи во образованието. Тие успеаја целата ситуација да ја снимат и потоа ја објавија на Јутјуб како доказ за притисоците кои им се вршат за да се задушат протестите.

Претходно, професорката ги убедуваше да се вратат на часови, а ако не се врателе таа сите ќе ги запишела, но и ќе се разочарала од нив.

– Ти доста, со тебе не разговарам. Не ме интересира, од трета осум ме интересираат. Значи ве молам овој и другиот час да бидете со мене. Ќе ве запишам сите кои нема да дојдете. Страшно ќе се разочарам ако не појдете горе. Што е проблемот, што сакате да правите? – им вели професорката.

- Advertising -

 

Поврзани новости