И битолските средношколци протестираа против лошите реформи

by Фокус

Средношколците од Битола денеска излегоа на протест против лошите реформи во образованието. Тие точно на пладне се собраа пред медицинското училиште и преку Широк Сокак се упатија до општина Битола, каде до Секторот за образование ги доставија двете барања: укинување на екстерното  тестирање и враќање на стариот модел на државна матура.

Поддршка добија и од Наставничкиот пленум и Студентскиот пленум- УКЛО од Битола. Студентскиот пленум вчера повика на масовност и објасни зошто ги поддржува средношколците во нивните барања.

„Ние, како пленум, ќе го поддржиме утрешниот средношколски марш – со присуство! Ве повикуваме да го направите истото. Всушност, наша обврска е да бидеме утре таму. Зошто? Затоа што сè што се случува во образованиот процес, без хиперболизирање и хистерија – се проектира во апсолутно СЕКОЈА пора од општеството. Во здравството, во економијата, во социјалниот живот, во културата – секаде! Затоа, образованието (треба да) има третман на јавно добро. Затоа што сите нè засега – без исклучоци“, напишаа од битолскиот Студентски пленум.

 

Поврзани новости