(Видео) Ахмети „главен“ на оро на свадба на синот на Буши

by fokus

На социјалните мрежи се споделува снимка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети како игра оро на свадба на синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши.

Ахмети е „главен“ на орото до Буши, а снимката ја сподели Керим Буши, чие име се совпаѓа со името на еден од синовите на заменик министерот. Според споделените информации на социјалните мрежи Ахмети бил на свадбата на другиот син на Буши.

Пред околу една година во медиумите се објавија неколку скандали поврзани со министерот Буши. Во еден од нив, неговиот син Ќ.Б. бегал од полициска патрола со возило со флешери, но бил веднаш пуштен. Потоа албанските медиуми објавија видео од заменик министерот во хотел во Истанбул каде една вечер чинела 20 илјади евра.

Поврзани новости