Им влегле со автоматски пушки и нож во домот, го врзале синот и украле пари и злато

by Fokus

Двајца маскирани разбојници влегле со автоматски пушки и нож во домот на 59-годишниот С.М.и ги ограбиле, информираа од МВР.

Сппред полицијата, вчера околу 05,20 часот било пријавено дека во Дебар на улицата „307“ во домот на С.М.(59), влегле неколку непознати маскирани лица, од кои двајца вооружени со автоматски пушки, а двајца со нож, по што го врзале неговиот син Г.М.(21) и одзеле засега неутврдена сума на пари и злато. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости