Ѓорчев на годишното Собрание на ОБСЕ во Берлин: Во Македонија има политички прогон и политички затвореници

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев како шеф на делегацијата на Собранието на Република Македонија при парламентарното Собрание на ОБСЕ учествува на годишното собрание во Берлин.

Во рамките на Собранието на ОБСЕ, Ѓорчев се сретнал со пратениците во германскиот Бундестаг Фолкмар Клајн (ЦДУ), Дорис Барнет (СПД), Михаел Линк (ФДП) и Андреј Хунко (Линке).

– Во своето обраќање на собранието во Бундестагот, Ѓорчев се осврна на политичкиот прогон во Македонија и политичките затвореници во Македонија, недостатокот од слобода во медиумите, лошите економски состојби во Македонија и повеќе други актуелни прашања, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие теми, како што наведува партијата, биле отворени и на билатералните средби и разговори кои ги одржал пратеникот Ѓорчев.

Поврзани новости