Нема одговорност за началникот кој им се закануваше на обвинителите на СЈО

by fokus

Нема дисциплинска одговорност кај началникот на СВР Охрид пред кого обвинителите од Специјалното јавно обвинителство добивале закани за време на сослушувањето на сведоци во Охрид поврзани со предистражна постапка за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2014 година, објави телевизија 24.

Ова стои во одговорот од Внатрешната контрола кој Телевизија 24 го доби по речиси еден месец откако беа поставени прашањата.
Според Внатрешната контрола во МВР, по пријавата на СЈО  биле направени проверки, бил извршен увид во изготвениот службен материјал и бил извршен и разговор со началникот.
„Од извршените проверки, Внатрешната контрола не најде доволно аргументи за утврдување на дисциплинска одговорност на Началникот на СВР Охрид, така што против истиот и не се наложени мерки на дисциплинска одговорност“, се наведува во одговорот кој го доби Телевизија 24.

Поврзани новости