СЈО на крај на мандатот ќе каже зошто сите предмети почнуваат на буквата „Т“

by fokus

Тајна ќе остане зошто сите предмети се на буквата Т. Тоа ќе го кажеме на крајот на нашиот мандат, изјави специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска на вечерашното гостување на телевизија Телма.

Таа нагласи дека работата на СЈО не е завршена и најави дека без разлика кој од која партија е, ќе биде законски гонет ако има докази за тоа.

Ристоска рече дека доколку не се продолжи мандатот на СЈО, прислушуваните разговори кои ги имаат нема да останат во сеф.

Поврзани новости