Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ИЗБОРНИ РЕЗУЛТАТИ
Убедливата победа на Силјановска над Пендаровски се чини дека уште во првиот изборен круг ги расчисти дилемите кој ќе биде идниот претседател, но и како ќе изгледа распоредот на силите во идниот парламентарен состав. Овој резултат е неминовен кога ќе се вкрсти драматично надолниот тренд на СДСМ со растот на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите тенденции дополнително ќе се интензивираат…
ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ
„Фокус“ анализира кои луѓе се застапени на пратеничките листи, односно за каков тип и профил на лица станува збор, со оглед на тоа што се претставници на народот и треба да работат за него. Притоа, утврдивме дека меѓу кандидатите за пратеници можат да се најдат имиња на лекари, но и на професори и директори. Притоа, многу од нив се веќе познати ликови.
КРИМИНАЛНА ШЕМА
Струшка фирма за којашто и ОЛАФ потврди дека со доброразработена шема ги испумбувала европските пари, се уште работи со училиштата добитници на грантовите од Националната агенција за образовни програми.
БЕГАЛЕЦОТ
За кого ли навива бегалецот во Будимпешта на изборите? За него е од клучно значење кој ќе ја однесе победата, бидејќи само помилување од претседателот може да го спаси од 9-годишната затворска казна за ,,Плацеви на Водно”.
БЛЕФ
Пред избори, сите адути се кај народот. Таквиот среќен играч, никој друг не може да го изблефира, освен ако самиот себе некако не успее да се изблефира.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Го прашувам министерот за надворешни работи на Србија, Јовановиќ, зошто Милошевиќ не потпиша кога Спогодбата е добра. „Ако потпише, ќе го убијат кога ќе се врати дома“, ми одговори со спуштен глас.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Потпишувајќи го Преспанскиот договор и прифаќајќи ги францускиот предлог и преговарачката рамка, билмезите ја „фрлија коцката“ и го преминаа Рубикон, упатувајќи се кон небиднината.
Ана ПАНОВСКА
Овој народ е како дебарскиот бег, кој на фалбите на слаткоречивиот ага му рекол: „Аго, знам дека ме мамиш, ама убоо ми идет“. И народот, како и бегот, знае дека партиите го лажат, ама убаво му доаѓа, но… и набрзо му проаѓа.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Поразително е што во изминатите триесетина години, ниту граѓаните, ниту политичките партии, а најмалку „лидерите“ успеаја да извлечат некои поуки и, согласно со нив, да го менуваат своето политичко однесување.