1491

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк


АКО НЕ, ПА 2001 ДА ЈА ВРАТИМЕ?
Од критиките за криминалот на ДУИ, стигнавме до воениот конфликт од 2001 година. Но, Мицкоски треба да знае дека неговата голема победа на овие избори ќе биде многу кратка ако, и покрај сите овие пораки, се „гушнат“ пак со ДУИ.

ПОСТИЗБОРНИ СЦЕНАРИЈА
Ако се земат во предвид резултатите од првиот изборен круг, конвертирани во пратенички мандати, и кога тие ќе се стават во контекст на јавно декларираните позиции на политичките парии и нивните водачи во пресрет на втората изборна рунда, притоа имајќи ги во обѕир и нивните политички интереси, „Фокус“ ги разработува можните постизборни разврски.

ТОКСИКОЛОГИЈА
Низ годините се таложеа бројни проблеми, но сето тоа остана зад ѕидовите на болницата. Очигледно, работите дојдоа нож до коска, па и вработените внатре не можат повеќе да ги издржат бројните притисоци. Новата економска директорка ја дотурка клиниката до огромни долгови.

ИНТЕРВЈУ – СЛАЃАНА АНЃЕЛКОСКА
Јавноста беше фрапирана пред шест години кога ПИСА тестирањето врз младите покажа дека две третини од нив се функционално неписмени по читање, математика и природни науки. Дали се подобрија работите од тогаш, разговараме со психолог Анѓелкоска.

САМО ОПТИМИСТИЧНО
Кога си мал, имаш многу простор да раснеш. Кога си голем, или ќе стагнираш, или ќе паѓаш. Кога си неук, имаш многу за учење и секој ден ќе можеш нешто ново да осознаеш. А ако знаеш сѐ, или ќе почнеш да забораваш или ништо ново нема да можеш веќе да научиш.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Пропуштањето да се признае македонската држава како независна држава, пак, некои може да го толкуваат како покана за мешање во внатрешните работи, кои се само македонски, создавајќи затегнатост и тврдења од кои Македонија веќе подолго време е ослободена.

 Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Последниот клинец во ковчегот за конечно сотрување на македонизмот беше удрен со прифаќањето на Преспанскиот договор за промена на уставното име, Договорот со Бугарија и Преговарачката рамка за демакедонизација.

Ана ПАНОВСКА
По последниот митинг на ДУИ на скопскиот плоштад, кога од илјадници грла ечеше „УЧК, УЧК“, и тоа на чело со Али Ахмети, работите како да излегоа од контрола и може наскоро да станат многу сериозни.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Изборните резултати се единствениот начин на кој граѓаните на ,,демократски“ начин можат да ги казнат владејачките политички елити за нивните (пред)изборни измами. Се работи за живот и иднина, а не за какви било политички кариери на стотина луѓе.

Димитар КОВАЧЕВСКИ
Гласот за Стево Пендаровски, СДСМ и коалицијата на 8 мај значи глас за сигурна и европска иднина на Македонија, без да се чепка во идентитетот или сувереноста. Гласот ЗА значи членство во Европската Унија…