1489

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

КОЈ НИ Е ИЗБОРОТ?
Македонија е земја, која во последните 15 години речиси секоја втора година има избори и секој гледа само како да седне на фотелја. Едно е сигурно, никој не го боли за народот, истиот тој народ, од кој очекува да ги добие гласовите за да седне на таа иста фотелја.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТИ
„Фокус“ ги контактираше сите кандидати за претседател на државата, со цел да побараме одговори зошто решиле да влезат во изборна трка, кои се нивните програмски постулати, какви мерки ќе преземат во сферите каде имаат овластувања, каков став имаат кон членството во НАТО и преговорите со ЕУ…

,,МОНСТРУМ”
Поминаа 12 години од денот кога на сите граѓани за момент им застана здивот и им се заледи крвта, потресени од веста дека се убиени четири момчиња и рибар. Зад решетки завршија само тројца, а наскоро, поточно за три месеци, еден од нив излегува на слобода.

ИЗРАЕЛ И ИРАН
Калкулираниот ирански напад дава сериозна надеж за некаков разум во безбедносно најневралгичното географско подрачје во светот. Сега сите очи се вперени во Израел, бидејќи од интензитетот на нивниот одговор, јасно ќе се види дали некој навистина сака голема регионална војна.

ФИКУС ИЛИ КАКТУС?
Ако лидерот на една партија одлучи да биде вејка на ветрот и да следи туѓи наредби, тој станува церемонијален лидер. Слично е и со гласачите, кои ако дозволат да бидат манипулирани од страна на партиите, тогаш се само церемонијални гласачи.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ја повикуваме Европа да се изјасни одлучно дека е спремна да стори сѐ за да поставиме темели на една наша „заедничка судбина“ – демократска и европска. Остварувањето на таа цел, се разбира, зависи, пред сѐ, од нас претставниците на разните народи, но и од помошта што ЕЗ ќе ни ја пружи.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Се шпекулира дека зад сцената се кроело хорор-сценарио за опстанок на оксиморонската Социјалдуистичка коалиција и по поразот на 8 мај, преку формирање хибридна „влада за национална пропаст“.

Ана ПАНОВСКА
Смешно е што партијата што ја поддржува професорката, го повикува Пендаровски да ѝ се извини на професорката, професорката, професорката… За што? За нешто што извикал некој човек на митинг?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Чиниш партиите ги впрегнале сите свои коњски сили за да им го измијат умот и гласот на граѓаните и за да ги убедат дека политичко-партискиот, правниот и финансискиот бандитизам се само резултат на „оние другите“, а не и на самите нив.

Сања ЛУКАРЕВСКА
Фер, демократски и мирни избори е разбирлива и излишна реторика во услови кога дел од културата на живеење е и граѓаните по сопствена волја, со пенкало, да го прават својот избор во сите изборни циклуси.