1485

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЦРНА ЛИСТА
Mакедонските институции воопшто не се замараат со тие што се ставени на црната листа на САД. Факт е дека во државава слободно ни шетаат најголемите криминалци, додека во затворите окапуваат ситните риби.

СЛУЧАЈ ,,КОРНИШОНИ”
Случајот „корнишони“ кој го отвори „Фокус“ резултираше со обвинение пред велешкиот суд, но и со стечај за компанијата на зетот на поранешниот премиер Заев, Атанас Костов кој е првообвинет. Обвинителката бара судот да го прогласи за воновен.

ПАЛЧО И „ДЕСНА“
По двојното убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, “Десна“ го замрзна членството на Палевски и другите осомничени, а за нов в.д. претседател е избран Тони Алексовски. Наспроти повиците на власта дека партијата треба да биде дерегистрирана, таа најавува дека ќе учествува на претстојните парламентарни избори!

ИНТЕРВЈУ – НАИМ БАЈРАМИ
Новиот министер од Алијанса за Албанците смета дека личните суети на Таравари биле пресудни за неодамнешните поголеми турбуленции, но задоволен е што не се остварило „пророштвото на Мицкоски“.

ПОЈАК ОД СУДБИНАТА
Стевчо Јакимовски веќе е прогласен од САД за коруптивен политичар, но на македонските правосудни органи никако не им оди од рака да докажат дека навистина брцнал во медот. Во 2019 година го обвинија за криминал, но се уште нема првостепена пресуда.

СÉ ИЛИ НИШТО
Кај нас до сега не сме имале лидер што се повлекол откако постигнал голем успех и на врвот на својата моќ, самиот решил да се тргне на страна и да им даде простор на следбениците да се покажат како нови лидери.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во време кога претставниците на меѓународната заедница беа дочекувани во завојуваните републики со девизата дека нивните политичари се подготвени да умрат за татковината, јас, на смеа, им велев дека ние сакаме да живееме за Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Доволно е само да се потсети на евергрин вицот за договарањето на цариници што да му купат на колегата за свадбен подарок.  Конечно, некој предлага да го остават да работи една смена сам, на што сите хорски реагираат дека тоа би било премногу!

Ана ПАНОВСКА
Некој од „Алфа“ се фалел дека ќе таманеле сѐ живо и диво од „бившата“ власт по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во мај. Уплашен човекот, ситна риба, па не ја знае српската поговорка дека „врана врани очи не вади“.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Очигледно е дека на граѓаните им требаат други (поинакви) партиски и политички „лидери“, а, пак, на „лидерите“ им требаат други граѓани, со оглед дека овие повеќе не се баш безлична маса што може во недоглед политички да се манипулира!

Перо КОСТАДИНОВ
Се работи за круцијален проект за јужниот дел од државата. „Јужен Вардар“ донесе вода за најмалку илјада земјоделци од Валандовско, кои обработуваат над 2.000 хектари земјоделско земјиште.