1484

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЖИВОТ НА КОНЕЦ
Луѓето се качија на Месечината, но во Фондот за здравство сѐ уште се раководат по бајати правилници и законски решенија, стари повеќе од две децении. Рехабилитацијата во странство, која може да ве врати од мртвите, не е на товар на фондот.

МАРЈАН ДОКАЗ
Јас сум производ на системот, целта беше да се убие гласникот, рече Марјан Стаменковски, осуден на правосилна пресуда на 2 години и 6 месеци затвор за текстовите со кои правеше јавен линч на познати и непознати. Но, повеќе од една година се води предистрага, која треба да ги открие неговите брифери, односно соработниците што му давале информации, кои ги објавувал „без пардон“, а дел од нив и плаќале за нив.

ИНТЕРВЈУ ИЛИР ДЕМИРИ
Министерот Демири објаснува дека болниците се соочуваат со голем недостиг од лекарски и медицински кадар, дека на клиниките работат директори што воопшто не заслужуваат да бидат менаџери, дека како главен критериум за набавка на лековите треба да биде квалитетот, а не најниската цена…

СПОРТСКИ ВАУЧЕРИ
Откако антикорупционеите и ревизорите констатираа ризици од корупција при доделување на спортски ваучери по пат на ослободување на фирмите-донатори од данок на добивка, Јавното обвинителството отвори постапка, додека Собранието, на предлог на Владата, донесе законски измени за промена на овој дефектен модел на субвенционирање на спортот.

ГОВОР НА БАЈДЕН
Бајден ги истакна неговите разлики со Трамп за демократијата, надворешната политика, правата на абортусот, имигрантите и економијата, што демократите го гледаат како главна можност за претседателот да добие широка поддршка за втор мандат.

КАМПАЊИ
Ако некогаш имавме честитки од типот „со песната таа и таа им честитам на зетот и невестата за стапувањето во брак“, сега да има поздрави од типот „со кривична пријава за  функционерот тој и тој и на неговиот шура за наместениот тендер и им пожелувам да добијат многу години затвор“.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Милошевиќ, водачот на српскиот национализам, беше и заробеник на истиот тој национализам. Немаше веќе никаков избор – мораше да оди до крај, до поразот на својата држава, потоа до затворот во Хаг и конечно до својата смрт.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Лажат политичарите, дури и кога молчат. Нивните празни ветувања „што на ум, тоа на друм“, Џорџ Орвел го нарекол „паткин говор“. Метафора за неразбирливо лесно ветено дејствување, слично на гакањето на патка, кое не предизвикува ехозвук.

Ана ПАНОВСКА
Го разбирам стравот на папата, но не го разбирам чаталењето на Зеленски, кој изјави дека не би доаѓал на мировна конференција за прекин на војната доколку и Русија присуствува таму. Ме фати лутина од ваквото зелено однесување на Зеленски.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Прво, никој од „лидерите“ не кажува од каде и колку пари ќе обезбеди за да ги реализира своите ветувања. Второ, никој и ништо не кажува со кои кадри располага што ќе ги реализираат тие ветувања.

Сања ЛУКАРЕВСКА
Во услови кога радикални популисти се враќаат на политичката сцена и во земјите од ЕУ, кога лидери на европски земји посакуваат повторна дружба со Трамп… исходот од изборите во САД не е само прашање за иднината на САД.