1486

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРЕДИЗБОРНИ ПРЕЛЕТИ
Како наближува изборниот ден, големите партии се обидуваат максимално да ги зголемат и засилат сопствените редови, но и предизборните коалиции, со цел да бидат што поконкурентни на двојните избори. Во тој процес може да се забележи се, освен обединување врз база на платформа, програма, идеологија, принципи, вредности…

,,27 АПРИЛ”
За одамна осудените во првиот предмет, судските лекови се исцрпени, па остануваат само политичките. За обвинетите организатори, пак, Апелација ќе треба да пресече – дали ќе ги амнестира или ќе ги препушти на помилување кај политичарите?

ОЛАФ
Наместо за фризерниците и тренирањето на магариња за што јавно беше линчивана поранешната директорка Димова, ОЛАФ бара државата да врати 2,2 милиони евра злоупотребени европски пари за случајот за којшто токму таа поднесе кривична пријава.

ИНТЕРВЈУ – ВЛАДИМИР ПИВОВАРОВ
Пивоваров е дециден дека ниедна мерка до сега не дала вистински ефекти во справувањето со корупцијата на граничните премини, дека состојбата денеска е полоша од кога било претходно и затоа е време за радикални мерки.

АНТИВАКСЕРИ
Антиваксерите повторно си го покажаа своето вистинско лице поминувајќи часови на социјалните мрежи во ширење кампања против имунизација, формирајќи здруженија и организирајќи протести.

КОАЛИЦИИ
Кога ќе помислиш на некоја можност за коалиција и ќе си речеш дека нема ни теоретски шанси таа да се случи, ќе бидеш во право само ако немаат ќар тие две партии да стапат во коалиција.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Холанѓаните го дадоа својот максимум во организациска смисла, во напор да се најде решение за југословенската криза и да запрат човечките страдања. За жал, некои од главните протагонисти на југословенската драма имаа поинакви идеи.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Политичкиот проект „дуизација“ е рожба од љубовниот грев на домашни родоотстапници и меѓународни камшикари зад сцената. Дведецениското апартхејдско господарење беше возможно единствено со соучесништво на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ана ПАНОВСКА
Е, сега се сетив кое е тоа нешто што сега пред избори не ни го кажуваат. Па, само да влезат во владината зграда, имаат намера веднаш да ги стават Бугарите во Уставот и да ги отворат поглавјата од преговарачката рамка со ЕУ.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема дилеми дека за дел од партиите овие избори се прашање на „живот и смрт“. Затоа и е толку голема, остра и жестока нивната меѓусебна војна со зборови.

Стефан БОГОЕВ
Згрешивме ли што немавме контрола врз медиумите како во време на режимот на ДПМНЕ, па да слушате само вести од власта, без да ја слушнете опозицијата и граѓаните?! Згрешивме ли што не го поклопивме и партизиравме судството како во време на режимот…