1402

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПАНДЕМИСКО ПРОФИТЕРСТВО
Дали сдсмовците кога ги следеа деталите од судските одаи за набавката на „мерцедесот“, кој патем остана државна лимузина, укапираа дека намештаљките при набавките носат затворски казни?

ПАРТИСКИ ТАЈНИ ЧЕКМЕЏИЊА
Oд политичките партии побаравме податоци за нивното финансиско работење. Речиси половина од нив воопшто не одговорија на нашите барања

ТРИФУН КОСТОВСКИ: ДЕЛ ОД БАНКИТЕ КОРИСТАТ ПРИВАТНИ ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ ЗА ТРАНСФЕРИ БЕЗ ДА ЗНААТ СОПСТВЕНИЦИТЕ!
Костовски најавува откривање огромен организиран криминал во банкарскиот сектор. Одговара и дали стравува дека може да заврши во затвор

СУЗАНА ЈОШЕВСКА-АНАСТАСОВСКА: ДИСЦИПЛИНСКАТА – СПАС ЗА РУСКОВСКА
Институциите ги водат суетни луѓе, кои повеќе се заинтересирани за себе отколку за институцијата, коментира адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за „војната“ Русковска – Муареми.

„ИСЧЕЗНАА“ ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ
Дел од тогашните „шарени револуционери“ се бореа за тоа дека без правда нема мир, но добар дел од нив се вгнездија во функционерски столчиња

НОВА НУКЛЕАРНА КАТАСТРОФА?
Ако Чернобил во 1986 година, во мирнодопски услови се претвори во катастрофа за половина Европа, тогаш Запорожје денес може да претставува вистинска катаклизма за половина свет.

НАВИДУМ ВОДЕЧКИ ПАРТИИ
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се само навидум водечки партии, ама која од нив ќе биде на власт, зависи од добрата волја на партијата што е трета по број на гласови

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Илинденската епопеја донекаде можеме да ја сметаме за заедничка историја само затоа што Бугарија прифати многу бегалци од Македонија

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Партиите израснаа во монструм, од кој поединецот, општеството и државата треба што побргу да се ослободат. Друго решение е самите политички партии да се преобразат. Трето нема

Сања ЛУКАРЕВСКА
Се сетил Веле оти направил само еден соларник. Си рекол, нека остане дома за да не се скараат ќерките. И баш за него се скараа.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Бисера по директива не сака да учи историја, за минатото. Таа е повеќе по разонодата. Сака да ја засмејуваат.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во македонската пропаст учествуваа сите три клана на статус кво партиите . Од „Папата“, преку „Мона Лиза“ и „Пастирот“, до несудениот „Нобеловец“ и сукцесорот „Таче“