1398

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Османи ја има честа првично да ги информира „добрососедите“ за сите „антибугарски активности“ по дома. Што ќе биде со „антимакедонските активности“ кај нив? Генчовска или Радев, кој ќе нè информира!?

СУШТИНАТА НА ПРОТОКОЛОТ
Ќе внесеме 3.504 Бугари во нашиот Устав, а паралелно ќе се откажеме од повеќе од еден милион Македонци, кои и ден денес живеат на територијата на Бугарија.

ПРЕГОВОРИ СО ЕУ НА РАТИ
Владата во 2019 година донесе одлука за формирање на преговарачката структура што треба да ги води преговорите со ЕУ. Но, главни преговарачи сè уште немаме…

МАРЈАН СПАСОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ
Спасовски зборува за последните акции во затворите, за извештајот на народниот правобранител, кој констатираше пренатрупани затвори и лебарки. Тврди дека за ниту еден функционер нема специјална келија…

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ!?
Опозицијата инсистира на предвремени парламентарни избори наесен, но на Илинденска се прават други калкулации. Во меѓувреме, можно ли е власта да биде урната однатре преку „помалите“ партнери?

„ФОКУС“ ОТКРИВА НОВ ИМОТ НА СЕМЕЈСТВОТО НА АРСОВСКА
Таткото и свекрвата на скопската градоначалничка поседуваат заеднички имот во Бардовци. Станува збор за дворно место со површина од 414 квадратни метри, каде се наоѓаат две куќи…

ПОЛИТИЧКИ МУДРЕЦИ
Луѓето што имаат љубов кон мудроста и луѓето што имаат љубов кон Софија, се занимаваат со иста работа, имено философија. Меѓу тие што се склони кон мудроста и тие што се поклоници на Софија, има многу сличности.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поранешниот премиер изјави дека владата на СДСМ одржала патриотска лекција. Завалијата се гордее што неговата „државотворна“ стана бугаротворна партија, а Македонците со партиски „ин витро“ сака да ги преобрази во Бугари.

Ана ПАНОВСКА
Освен нашата обврска за промена на Уставот, во тој протокол нема ништо друго што паѓа само врз наши плеќи. Другото е буквално реми. Од каде им на вмровциве дека со протоколот ќе се менувале само нашите учебници?

Наум СТОИЛКОВСКИ
Ајде на референдум да ја смениме преговарачката рамка, да го извадиме член 5. Ајде на референдум, па да види цела Европа дали зад потписот на Османи и насмевките на кутрата министерка од Битола стои народот или…

Бисера КОСТАДИНОВСКА
Идентитет е и љубовта кон сопствената култура и уметност, семејство, држава. На крај, да се убедуваме дека сме Македонци е да се убедуваме дека сега вие овој текст го читате на македонски.

Линдита КАДРИУ
„Brezi 9“ објавуваше критички осврти, филмска рецензија, поезија… Ако уредникот Сулејмани, писател и професор, ги има сите броеви, би се направила фина изложба, времепловна. Независна културна сцена што зависи од страст

Стојан АНДОВ
Најголемиот дел од тие што останале на своите македонски позиции се нашле во затвор. Истакнатиот борец за правата на Македонците во Бугарија и во борбата за јакнење на НР Македонија, Васил Ивановски, бил осуден на 15 години робија.