1397

by fokus 19:43
19:43

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Зошто власта наоѓа компромисни решенија со Бугарија, а не може со опозицијата? Зошто да не се побараат одредени корекции во понуденото? Та не е францускиот предлог Библија!

„ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА“ ВЕРСУС „НЕ“
„Шарената револуција“ беше дел од борбата на СДСМ да дојде на власт. Шест години по овие протести, истите СДСМ и ДУИ се соочуваат со протести против нив. Кои се сличностите и разликите меѓу двата?

ИНТЕРВЈУ СО АРБЕН ТАРАВАРИ
Таравари со детали за прекинот на соработката со ВМРО-ДПМНЕ, откако Арсовска го разреши директорот на Комунална хигиена, чиј брат пукаше кај Мавровка. Тој објасни зошто ДУИ цели 2 децении се на власт

„ИМПЕРИЈАТА“ НА НАЧАЛНИКОТ
И Мијалков се спогоди за „Империја“. Иако сумите не се за потценување, народот скокна дека е малку. Дали со конфискацијата навистина ќе осиромаши началникот или тоа е само капка во морето што го поседува?

ОД ЗАКАНИ ДО ТЕПАЊЕ
Функционерите на ДУИ, со години предизвикуваат најразлични скандали со говор на омраза, закани упатени преку социјалните мрежи, па и тепачки. Но, никој досега не одговарал.

ШТО Е ЛИДЕР БЕЗ КРИТИЧАРИ
Во Јапонија, на поранешен премиер се пукаше од оружје, а кај нас се извади пиштол и на оној што се најавува самиот за иден премиер. На Ковачевски, пак, му се случува општонароден револт, чиниш во Шри Ланка е на функција.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Неолибералниот поредок не дава право на избор за самоопределување како Македонци, ама припадниците од ЛГБТ може да избираат дали се самоопределуваат со патлак или дунда.

Јанаки МИТРОВСКИ
Ќе ја нацртав Македонија во раните триесетти, налегната на сила од бугарски участок, а рацете ѝ ги држат Франција и САД, додека бугарскиот администратор пробува да го напика малиот фалус.

Дарко КАЕВСКИ
ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски дозволи на митинг што тој го поддржа и на митинг на кој тој присуствуваше да биде запалено знамето на ЕУ.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако ЕУ ги „затвори“ вратите за членство на Македонија и Западен Балкан, тогаш нејзина ќе биде одговорноста ако од овие простори ја добие пораката: Збогум Брисел, добредојде Пекинг и Москва.

Хасан ЈАШАРИ
Драго ми е што новиот градоначалник на Тетово поттикнува широка дебата за имињата на улиците. Оваа дебата мора да биде отворена, слободна и да го поддржува мултикултурализмот.

Стојан АНДОВ
Во 1946 година се споменува дека имало околу 500.000 македонски емигранти во Бугарија . Многумина биле обвинети за предавство на социјализмот, демократијата, македонското дело, на Бугарија…

Линдита КАДРИУ
Крајбрежните места повеќе ме привлекуваат надвор од сезоната, кога летувачите заминале и мештаните се враќаат на секојдневието… И морето изгледа достоинствено во својата осама.