1399-1400

by fokus 19:43
19:43

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Убедена сум дека прославата и на овој Илинден ќе ја красат инциденти. Не е лошо СДСМ и ВМРО да си организираат „Недела на омразата“, па да се натпреваруваат во плукање во далечина, скок со мотка по глава на противникот, клеветнички маратон … ќе биде забавно, а и тешко е да се прогнозира победникот

ТЕНДЕРСКИ ПРИКАЗНИ
Филипче набавил лекови од „Пановски“ за 5 милиони евра. Станува збор за лек, кој има значајна контрола на крвавењата, а таа терапија во земјава ја примаат само 12 пациенти.

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ Е НЕВОЗМОЖНО!
Во интервју за „Фокус“, Пендаровски изразува загриженост поради националистичката реторика, но и предупредува дека многу поголем проблем од меѓуетничките односи се поделбите во македонското ткиво.

ЗАТВОРСКИ ТУРИЗАМ
Главните фигури од „Империја“, Сашо Мијалков и Орце Камчев, најдоа дупка во законите, па наместо во Шутка ќе уживаат во најлибералниот затвор во Струга.

ПОДГОТОВКА НА РЕФЕРЕНДУМ
За тоа како би можело да гласи референдумското прашање и за другите аспекти разговаравме со професорот Александар Спасеновски.

СТРАНСКО ВЛИЈАНИЕ
Кои се добрите страни на странското влијание? Ако сакаш да ѝ нанесеш штета на противничката партија, не кажувај дека таа е под странско влијание на големи, мистериозни, виши сили.

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Првиот човек на МАНУ нескромно си се замислува дека е новиот Крсте Петков Мисирков, па посакал зад себе да ни остави ново „епохално дело“ – „За македонските работи“. Тој си е во свој свет.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Проблемите во бугарско-македонските односи не се ниту од далеку решени, ниту, пак, има реални изгледи дека со ваква политичка конотација набргу ќе се решат.

Фатмир БИТИЌИ
Неопходна ни е конзистентност и структура на развојот. Токму затоа, имам лична 100 отсто посветеност и пасија за креирање на Националната развојна стратегија 2022-2042.

Стојан АНДОВ
Во декември 1946, од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија, 160.541 лицe, односно 70 отсто се изјасниле како етнички Македонци.

Линдита КАДРИУ
Скопје, кој деновиве одбележува годишнина од земјотресот, претрпе уште еден потрес. Најлошото на „Скопје 2014“ е што сега веќе поминуваме покрај него без да го перцепираме.