Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Бугарските власти се преценија и си дадоа автогол. Без оглед на тоа што е повеќе од извесно дека нема да се смени крајниот резултат од натпреварот во јуни, секогаш има „трето полувреме“. Дури и само колку да се испее „Море сокол пие вода на Вардарот!“ И тоа нешто значи
ОД ДРУГ АГОЛ
И на премиерот Ковачевски му недостасува адекватно познавање за ликот и делото на Михајлов, та само ни објасни дека станува збор за контроверзна личност, која се доживува на „различен начин од различни групи граѓани“! Со ваквите изјави на нашите политички чауши, кои газат по јајца да не сторат „бугарска провокација“ кон соседот, сетики ми изгледа дека владата ни е контроверзна… како Михајлов!
ДЕСЕТ ФАКТИ
Бугарија среде Битола го воскресна најмрачното сениште од нашата заедничка историја. Наопаку да се превртат десет века наназад, нема да се најде „поцрна“ историска личност од Ванчо Михајлов, ниту во македонската, ниту во бугарската историја, или еве ако сакаат, ниту во заедничката историја.
МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКА ШЕМА
Поранешниот владин генсек Мухамед Зекири заврши во притвор поради незаконски склучен договор за изработка на физибилити-студија за трансформација на „Македонска пошта“. Овој договор е склучен со фирма, чиј малцински партнер и управител ја напуштил земјава неколку дена пред да избие скандалот. Мнозинскиот сопственик на фирмата, пак, во матичната држава доби милионски спор против државата, но заработи и обвинение за помагање во кривично дело.
ПРОЕКТ СКОПЈЕ 2014
Отворената истрага за делче од „Проектот Скопје 2014“, поточно за фасадата на Владата, не донесе надеж дека конечно за овој случај ќе одговара врхушката на претходната власт. Екс премиерот Никола Груевски не се споменува, а неговата партија, онака срамежливо, но без да ѝ биде замрзнат имот.
СЛУЧАЈ „ТОТ“
Убиството на хрватскиот ракометар по којзнае кој пат го исфрли на виделина фаличниот систем. Некомуникацијата меѓу институциите, но и башибозукот којшто владее во ноќниот живот во Скопје. Се случи убиство пред дискотека којашто немала лиценца за работа. Ако ја затвореле навреме, можеби и ќе се избегнеше трагедија
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА
Како и во 2017 година, Емануел Макрон ќе се соочи со Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори. Но, ако плакатот е ист, политичката ситуација во Франција е променета
ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ПРОВОЦИРАЊЕТО
Народот е незадоволен од високите цени на храната? Дај му нешто провокативно од Бугарите. Народот е потиштен од некоја елементарна непогода (поплави, пожари) со која власта не се справила како што треба? Некој Албанец нека ја спомне Илирида побргу. Ќе поскапува струјата? Пуштете вест дека владата размислува да дозволи геј-бракови, нека се гневи народот во празно, дури спремаме нов удар врз животниот стандард
Колумнисти:
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бугарското „враќање“ во живот на осведочениот терорист, бандит и фашист Ванчо Михајлов не е само подбив и понижување со антифашистичката борба на македонскиот и на бугарскиот народ туку и со антифашистичката борба со цела Европа. Берлин и Париз тоа мора да го знаат и соодветно на тоа да ги креираат своите политики кон Софија
Александар НИКОЛОВСКИ
За година и пол горивата поскапеа за 70 отсто, струјата поскапи за 30 отсто, парното за 15 отсто, цената на лебот е зголемена и за 110 отсто, а сите останати основни намирници се поскапени за 30-50 отсто. Граѓаните мака мачат да врзат крај со крај
Јована ТРЕНЧЕВСКА
Понуденото решение беше одбиено, од очигледно високиот животен стандард на Јаким Неделковски, кој одби покачување во просек од 2.500 денари за воспитувач и 2000 денари за негувател. Дали неговите високи примања, приближно како три просечни плати на воспитувач, обезбедени од членарината која ја плаќаат сите членови на синдикатот, е мотив да заборави што е достоинствен приход?
Ристо НИКОВСКИ
За жал, главната поука од пописот, дека Македонија демографски забрзано умира, остана во заднина: вкупното население е намалено за 9,2 проценти! Просто е неверојатно зошто веќе утредента не беа свикани Советот за безбедност и владата на специјални седници, посветени на овој тежок и долгорочен проблем?
Стојан АНДОВ
Нашата влада треба да се обрати до сите земји членки на ЕУ, на нашите граѓани од Република Северна Македонија што добиле бугарски пасош да им се понуди домицилен пасош на земјата каде што работат. Со тоа ќе се покаже каква е улогата на бугарскиот пасош.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Руската „специјална операција“ во Украина, пак, е да се стави крај на постојниот светски поредок во кој доминираат САД, за кои смета дека со стратегијата на анаконда сакаат да ја капсулираат и „проголтаат“, како што змијата анаконда ја задавува својата жртва.