1386

by fokus 19:48
19:48

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Молчаливиот и навидум скромен премиер се обидува да се прикаже како тимски играч, кој верува во своите соработници и кој без преголема суета ги остава да си ја вршат својата работа. Што дури на моменти наликува како новиот премиер да е гостин на ДУИ во „сопствената влада“

7 ДЕНА
Се сетив така на една „мудра“ одбрана на фановите на груевизмот, кога ќе им се кажеше дека „властитутките“ крадат. Репликата им беше „крадат, ама градат“! Од денешен агол, ова и не ми изгледа толку смешно зашто некои крадат ама, бре, не градат. И од лошо има полошо!

ШТРАЈК ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Наставниците не попуштаат, не им се доволни ниту 12 проценти зголемување на платите. Оваа битка може ќе ја извојуваат заедно со СОНК, но пак ќе им останат уште многу неосвоени битки, кои сигурно се многу потешки. Да го вратат достоинството на наставниците, кои партиите ги држат на врвка со договори на дела, но и да им го вратат квалитетното образование на децата, кои со години се експериментални глувци

МИЛИОНСКИ ОБЕСШТЕТУВАЊА
Само  ден откако Советот на Општина Карпош ја врати укинатата маркичка за бензинска пумпа на парцела на „Пуцко Петрол“, граѓанскиот суд донесе одлука со која нафтената компанија го губи договорот за земјиштето, но ги добива назад средствата од над 2 милиони евра платени за плацот, како и дополнителни 6,5 милиони евра за „испуштена корист“, плус камати. На чело со судечкиот совет била истата судијка, која речиси истовремено „пресуди“ милионско обесштетување и во друг предмет.

СПОГОДБА ИЛИ КРАХ НА „ИМПЕРИЈАТА“?
Пред да се донесе одлуката за обвинение за „Империја“, пазарењата почнаа. Дел од осомничените се спремни да се спогодат, очекувајќи гревот да си го платат, а ако треба и нешто ситно да одлежат.  Она што паѓа во очи е дека екс директорот Мијалков ја зазеде централната позиција во „Империја“, а бизнисменот Камчев како да се засолни на побезбедна позиција. Сепак, треба да се почека крајниот цех, кој колку ќе плати, а кој сепак ќе лежи зад решетки!

НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Во Србија при крај е изградбата на Клиничкиот центар, кој чини 125 милиони евра, што е за четирипати поевтин од замислениот македонски Клинички, чија зграда само ќе чини 500 милиони евра, а каде е целата инфраструктура, средствата за гас, атмосферските води, железничкиот сообраќај… Се тоа би ја удвоило сумата.

АНСАМБЛОТ ЗА АЛБАНСКИ ОРА
Работата на директорот на Ансамблот за албански народни ора и песни, Шкодран Толај била испитувана од Инспекторатот при Министерството за култура. „Фокус“ ексклузивно дојде до исходот од извршениот надзор, кој некој сакаше да заврши „под тепих“.

МАКРОН И ФРАНЦИЈА НА РАБОТ НА БЕЗДНАТА
Победата на Емануел Макрон, иако изгледа убедлива со освоени 58,54 отсто од гласовите, тој изгуби речиси 2 милиони гласови за пет години и директно се соочува со неговиот неуспех: не успеа да го намали екстремизмот или да го ревитализира демократски живот.

ХИБРИДЕН РЕЖИМ УШТЕ ОД ТУРСКО
Како да се однесува народот кон хибридниот режим освен како кон муле? Ако го истренираш животното да има коњски манири, ќе потсетува на коњ во своето однесување, ама ако му дозволиш да развие магарешки навики, таков табиет и ќе покажува власта. На крајот на краиштата, каков е газдата, такво е и мулето. Од таму, секој народ си има режим каков што дозволил т.е. заслужил да има

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Пет години лажевте за мала и ефикасна администрација. И пет години лажевте за мала и ефикасна влада. А колку поголема влада и колку поголема излажана администрација, толку пострашен ќе биде и тресокот. Наскоро!

Бисера КОСТАДИНОВА СТОЈЧЕВСКА
Дали некој ја менувал историјата како што му одговарало? Дали тогаш таа власт читала од исти книги по историја за Михајлов како и остатокот од светот?

Линдита КАДРИУ
Кој ја смисли реченица дека мотивот за работа зависи од платата? Само тој што не ја познава љубовта кон професијата и трудот воопшто, таа покренувачка енергија на личниот и општ напредок.

Стојан АНДОВ
На Второто заседание на АВНОЈ, на 29 и 30 ноември 1943 година, Тито беше прогласен за маршал на Југославија, на кралот Петар Караѓорѓевиќ му беше забрането да се врати во Југославија, а на кралската влада и беше одземено правото да ја претставува Југославија во меѓународните односи и беше решено идната Југославија да се заснова на федеративна основа.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Денес, по завршувањето на активната кариера, осумдесет и тригодишниот Тодор Бојаџиев,  останува жива легенда на тајните служби. Припадник на вековната професија на интелектот, продолжува да верува дека разузнавачите не страдаат од излишни илузии и не се пензионираат.