1384

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Уште повеќе ме шокираше глетката како една млада русокоса девојка, на трипати се враќа и ѕверски го шутира паднатото момче, а сето тоа се случува пред очите на неколкумина присутни, кои молкум го гледаат сето тоа и не реагираат

ОД ДРУГ АГОЛ
Конечно се случи еден висок владин функционер Албанец да заврши во притвор. Но, Мухамед Зекири ја има утнато партијата. Убедена сум дека да беше член на ДУИ, немаше да го снајде оваа судбина. Не поради друго, туку со членска карта на ДУИ, автоматски добиваш и вакцина против корупција, ем „сертификат за невиност“

МАЛЕРОЗНА ФУНКЦИЈА
Обвинителството излезе со сериозни обвинувања дека досегашниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири склучил милионски договор во „четири очи“, на штета на државниот буџет. Парите, пак, допрва ќе се бараат.

КОЈ ЈА СОВЕТУВА ВЛАДАТА?
Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, обезбедивме податоци колку и кои луѓе се дел од кабинетот на премиерот и владините министри како кабинетски службеници, посебни советници, но и надворешни советници. Меѓу нив има најразлични профили, од професионалци непознати за пошироката јавност, до добро познати ликови со партиски багаж

ОД ГОЛТАР ДО МИЛИОНЕР
Кој станал функционер, се збогатил зашто ниедна институција досега не го испита потеклото на парите на ниту еден политичар. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ почна со прес-конференции да го спори богатството на сегашните функционери, но засега нема слух од институциите. Но, нема ни пресуда за тоа како ВМРО стана најбогата партија во Европа

ГЕОПОЛИТИКАТА И БАЛКАНОТ
Преговори Скопје – Софија и паралелни заткулисни преговори Тирана – Брисел за одвоен почеток на преговори. Преговори Дачиќ – Вучиќ и паралелни заткулисни преговори меѓу Вучиќ и Ѓилас. Геополитички групирања на домашната бугарска политичка сцена и врзување на нашата најголема опозициска партија со Виктор Орбан, како последниот репрезент на проруската политика внатре во ЕУ.

ТРАНСРОДОВИ ЛИЦА
Маж заробен во женско тело. Жена заробена во машко тело. Две трансродови лица за „Фокус“ ги раскажаа своите животни приказни и предизвиците со кои се соочуваат. Очекуваа законот за матична евиденција да им реши барем еден од проблемите. Но, владата го повлече законот. Правно усогласување или несогласување во владината коалиција?!

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ПОСКАПУВАЊАТА
Лекциите од пандемијата и економскиот хаос кој го донесе таа, требаше да нѐ подготват за ова што сега се случува. Некои луѓе би рекле дека тој што се изгорел од пандемијата, сега ќе дува и на инфлацијата. За некои тоа не важи, оти од ништо не се способни да учат поуки, ниту од туѓите ниту од своите грешки. Ние, во која група спаѓаме?

 

Колумнисти:

Aна ПАНОВСКА
Дрпањето од буџетот кај нас стана единствената алатка за извлекување и натрупување на приватно, сопствено богатство, кое најчесто е резултат на силната  привлечност меѓу власта и големата аждаја − КОРУПЦИЈАТА

Наум СТОИЛКОВСКИ
Доколку нема еволуција, револуцијата, не само што не успеала, туку во прашање се доведуваат и мотивите за неа. Повторно е време оние со искрена верба во истите идеали да се обединат, овој пат за еволуција. За избори, доста беа уништувања

Марко МИХАИЛОСКИ
Ковид пандемијата го разгорува огнот на стравот од неуспех, анксиозноста, депресијата и ги обесхрабрува младите дека може да успеат во својата средина, и ги насочува својата иднина да ја бараат во некоја од европските земји.

Линдита КАДРИУ
Во овие Рамазански денови, тебе Зеќири, кој си учел школо за верата, Господ и неговите заповеди, моралните норми, ти доаѓа ли од внатре, да си речеш Естагфурилах, тубестигфар? Тоа што си оџа, додатно те оцрнува.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како тоа во барањето за поголеми плати најгласни да се вработените во администрацијата, образованието, науката, а ниту глас да не се слушне од страна на работниците во рударството, индустријата, земјоделието… Очигледно нешто не е во ред

Стојан АНДОВ
Во Европа ќе мора да се совлада овој испад на бугарската влада. Бугарската влада и со својата сегашна политика врши напад врз основните евроатлантски вредности. И тоа не може да не ги постави на тапет вкупните внатрешни односи во ЕУ, па и во НАТО