Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Не верувајте им на Данајците (Бугарите) и кога нудат подароци во вид на брзо деблокирање на преговорите за шест месеци! Нема да излезе на добро и ќе биде многу болно. Затоа, Ковачевски, Османи, Мицкоски отворајте очи. Не е сѐ на продажба!
СОМНИТЕЛНИ ПАРТИСКИ ДОНАТОРИ
Партиите веќе одамна ги објавија финансиските извештаи, а како што дознава „Фокус“ , засега, само Антикорупциска и Управата за финансиско разузнавање трагаат по сомнителни донатори. Како и години наназад, донаторите повторно се истопорени, па дел од нив донирале „скромни“ 10.000 денари, но има и такви кои особено се истакнале и ја донирале истата цифра, но во евра.
СТАРО-НОВИ ЛИДЕРИ
Професорите Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски победија на внатрепартиските избори во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Секоја партија на свој начин избра стар, односно нов лидер. И двете се фалеа на колку демократски начин ги избирале претседателите. А, ние граѓаните добивме уште една лекција. Но, дали од неа нешто ќе научиме?
ФЕНОМЕНОТ НА „НЕКАЗНИВОСТА“ НА ДУИ
ДУИ е фактор благодарение на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, порачува поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини. Според него, меѓународната заедница никогаш не дала јавна поддршка за ДУИ, па смета дека тие не ја поддржуваат партијата, туку нивните геостратешки интереси, да нема немири во земјава
ПРОФИЛ: ЛИЛЈАНА ЧОЛАКОВА-ДЕРВИШОВА
Доктор Чолакова-Дервишова веќе цели 11 години управува со Здружението на приватни матични лекари, кое брои околу 1.600 членови. Таа во последните неколку години има и неколку партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ. Но, сепак, стана „популарна“ во јавноста како една од лекарите кои можат да се наречат антиваксери
ДОКТРИНА ЗА ВО ВИТРИНА
Новиот лидер на СДСМ наскоро ќе треба да стане и премиер, та сигурно ќе излезе и со експозе т.е. детална изјава за тоа што планира да прави неговата влада. Тоа експозе нема да вреди ни колку листот хартија на кое ќе биде испечатено, ако кандидатот за премиер не најде начин да влее доверба кај граѓаните дека е „Сериозен Државник Со Мудрост“.
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Кај Ковачевски гледам една модерна менаџерска црта, но ниедна од оние особини на Заев. Дури и насмевнувањето му е кисело и воздржано. Не ќе да е копија и пион на Заев. Мицковски за овој тип ќе мора да развие сосема нова стратегија за политичка борба ако сака да се плетка и натаму со големите играчи.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кога се знае колку длабоко навлегла корупцијата во институциите на системот, за државата да има барем малку корист од неа, најдобро е да ја легализира. За тоа не треба многу, само 61 глас во Собранието, иако сум сигурен дека таков закон ќе биде изгласан со 120 пратеници „за“.
Наум СТОИЛКОВСКИ
Тивкото мнозинство, како што многу пати до сега ВМРО-ДПМНЕ го именуваше незадоволството во Македонија, на локалните избори покажа дека концептот Заеднички патриотизам е силна спрега и дека овој „Нов Договор“ е вистинскиот одговор на изборите кои се неминовни.
Стојан АНДОВ
Неколку дена по усвојувањето на Уставот, Лазар Колишевски го испрати кај мене долгогодишниот шеф на неговиот кабинет Трајко Мирчевски, кој ми објасни дека не дошол Колишевски затоа што првата влада била комунистичка, а денес, особено од ВМРО ДПМНЕ, му префрлаат и го осудуваат за тоа. Му реков да го поздрави Колишевски и да му каже дека го поканив, зашто сум убеден дека е важна историска личност.
Мухамед ХАЛИЛИ
Му се исполни желбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Заев е веќе историја. Сега е време Мицковски да седне во столчето на „предавниците“ рамо до рамо до Киро и Заев! И заедно со Петков од бугарска страна да воспостават широк мост на јазична, економска,политичка, социјална, образовна соработка за отстранувања на постојните недоразбирања. Во очекување на дела, а не зборови!
Д-р Николче Д. ТАЛЕВСКИ
Кажано со сообраќаен жаргон, ќе констатирам дека генератор на сообраќајната незгода во Бугарија е еден момент, кој процентуално носи, макар и минимално, поголем придонес од еден од фактите (возило- возач- пат и патна околина), кој во судската постапка ќе значи многу. Тој податок значи ВИСТИНА.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Моронацијата стана движечка сила. Стравот и паранојата на статус кво партиите од тоа што ќе се случи кога ќе се промени власта, ги мотивира непрекинато да продуцираат лоботомиран и корумпиран народ, кој со “нокти и заби” ќе се бори нивната партија да остане на власт