1368

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Не би сакала да сум во кожата на новиот мандатар, затоа што нема да има право дури и на 100 дена, а рокот на неговата влада ќе зависи, не само од кадарноста на неговите кадровски решенија, туку и од тоа како ќе менаџира со коалициските партнери, кои се како „рогови во вреќа“

ОД ДРУГ АГОЛ
Сдсмовците се откажаа од вмровскиот проект, стокмија свој, но и после 4 години немаме нов Клинички. Но, ни обезбедија „бесплатен“ јавен сервис. Сетики мислам дека и скопјани ќе ќарат сал нешто „бесплатно“ од Данела, независно дали превоз или плус и новогодишни светки… а мостовите коштаат, не се џабалак

УСТАВЕН АМИН
Уставните судии не гледаат ризик од корупција, ниту загрозување на слободата на пазарот во специјалниот закон, кој го изгласа Собранието и и овозможи на американско-турската „Бехтел и Енка“ да гради автопатишта во Македонија. Законот го оспорија антикорупционерите, кои предупредија дека може да ни се случи ново „Синохидро“, и новиот проект за автопатишта да заврши со обвинение

ВЛАДИНА ФАСАДА СО РИЗИК
Иако барокната фасадата на Владата ја плативме 17,7 милиони евра, сепак, под превезот на кичот, се криело уште едно непријатно изненадување. Според информациите на „Фокус“, обвинителството е на трага дека материјалите од кои е изработена се лесно запаливи!

НИКОЛА ПОПОСКИ: НИКОЈ ВО ЕУ НЕ ВЕРУВА ДЕКА МОЖЕ ДА СТАНЕМЕ ЧЛЕНКА ЗА ПОМАЛКУ ОД 15 ГОДИНИ!
Никола Попоски е поранешен министер за надворешни работи во владата на ВМРО-ДПМНЕ, кој се споменуваше и како можен наследник на Никола Груевски на лидерската позиција во партијата. Сепак, тој не влезе во внатре -партиска трка, па продолжи да дејствува како републички пратеник до крајот на мандатот. Моментално, Попоски работи проект за оптимизација на буџетот на ЕУ, поврзано со докторатот што го пишува во Германија. Во интервју за „Фокус“ говори за застојот во интеграцискиот процес на Македонија, причините за блокадата од Бугарија, како и за неговата матична партија…

ЕУ РЕГУЛАТИВАТА
Извештајот на ЕК и оваа година како и претходните констатира бројни слабости во економскиот дел кој по логика на нештата би требало одамна да биде усогласен со сите правила на Европската Унија. Алармантно е што Македонија сѐ уште се бори со слични проблеми, како и во првите извештаи за напредокот на нашата држава уште во 2005 година

ДАЛИ ЛОВОТ Е БЕЗБЕДЕН?
Минатата седмица беше застрелан човек кај Горна Матка од ловџија, кој помислил дека стрела во дивеч. Тоа е четврти случај оваа година на застрелано лице при лов, што го поставува прашањето: дали оваа спортска активност е безбедна за самите ловџии, но и за другите луѓе во планината?

ПРОКОЛНАТО НАСЛЕДСТВО
Новиот лидер добива одврзани раце дури кога работата ќе стане „врвка“, па затоа луѓето кои се чувствуваат за креативни, храбри, оригинални и енергични, сакаат токму во такви услови да застанат на чело на структурата, без разлика дали е тоа партија, компанија, општина или држава

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Новата бугарска влада, за жал, ќе мора да коегзистира со еден таков анахрон лик, кој истовремено е и претседател на Бугарија. Верувам во тој тим на млади бугарски политичари предводени од Петков, кои сега за сега доста претпазливо си ги покажуваат нозете. Но, јас сепак видов дека на нозете не носат ниту опинци, ниту цокули

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Со поддржувањето на бугарските ставови кон Македонија и Македонците, ЕУ како свои основни вредности ги промовира злоупотребата на правото на првенство (на земјите кои порано станале нејзини членки), изживувањето и понижувањето на соседите. Ред до ред се актуелни „цивилизациски“ вредности

Наум СТОИЛКОВСКИ
Македонското никој никогаш не успеал да го избрише! Ниту петвековното ропство, ниту политичките насилни поделби, ниту сите војни на Балканот. Ниту грчките црковни училишта, ниту бугарската егзархија, ниту великосрпството, ниту теророт на Енвер Оџа, ниту напалмот фрлан врз народот. Ниту книги имало, ниту јазик се дозволувал, презимиња биле менувани

Линдита КАДРИУ
Цел град ја жали д-р Хатиџе Ислами и ова не е хипербола: помогнала кому стигне, не само во својот домен, туку и за добивање социјална помош, пополнување формулари, упатување и охрабрување. При мака и зборот е мелем, а линкот, кај нас, неопходна припомош. Не ги делеше луѓето по ниту еден основ и тоа беше нејзина состојба на свест.

Стојан АНДОВ
Во борбата за што повеќе пратенички места, Љубчо Георгиевски, под влијание на настаните во Босна и Херцеговина, во средата, на 21 ноември 1990 година одржа запалив говор против Албанците, велејќи дека Македонија не е нивен дом, тие не се домаќини, туку се дојденци.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Предвидувањето на д-р Ѓорѓи Радулов е дека спорот ќе остане замрзнат конфликт, освен ако не се прифатат уцените. Македонската дефанзивно- сервилна позиција му алудира на народната мудрост дека таму каде што ветерот дува само на една страна, дрвјата растат накриво