1366

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Алтернатива можеби мисли дека ги доживува своите моменти на вистински триумф. Но, доколку нејзиниот вистински мотив бил само како да се дојде до функции, макар и со некадарни функционери, сегашниот ќар лесно ќе се претвори  во зијан. Оваа лекција одамна требаше да ја научат и СДСМ и ДУИ, но, за жал, се покажаа како лоши ученици

ОД ДРУГ АГОЛ
Ковачевски ќе срочи во програмата дека народот на локалниве избори им дал сериозни забелешки поради ефикасноста во спроведувањето на реформите, начинот на функционирањето на институциите… ама, кој е виновен за тоа! Има ли одговорност кај премиерот, кои министри потфрлиле, можеби ДУИ биле кочничари. Но, проблемите не добија име и презиме, за да осознаеме и каква терапија тој предвидува

КОНГРЕС ЗА БЕТОНИРАЊЕ НА МИЦКОСКИ
Откако го наследи Груевски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, политичкиот авторитет и капацитет на Мицкоски беше постојано оспоруван. Но, по убедливата победа на изминатите локални избори, се очекува тој да се стабилизира и да се потврди како неприкосновен партиски лидер. Дали тој ја предводи третата генерација политичари на чело на ВМРО, или, пак, само ги продолжува практиките на претходното раководство?

КОЈ ПОЛИТИЧАР Е НАЈТРАНСПАРЕНТЕН?
Додека дел од министрите во владата остануваат затворени за јавност, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е спремен да одговори на секое новинарско прашање. Пред вториот круг на локалните избори им испрати порака на сите функционери од партијата, да бидат достапни за сите проблеми на граѓаните. Ако јас можам да кревам телефон, и покрај сите обврски како премиер, секој може, им порача Заев на своите

НЕ СЕ УМИРА САМО ОД КОВИД
Вкупно 25.775 лица починале лани, што е дури за 26 отсто зголемување во однос на 2019 година, кога починале 20.446 граѓани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од болести на срцето и крвните садови лани починале 10.726 пациенти, додека од карцином починале 6.683 заболени.

ФАДИЛ НОВАЛИЌ: СЕКОЈ ДЕН Ѝ ЗАВИДУВАМЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО
Федералниот премиер на Босна и Херцеговина вели дека Македонија им служи како светол пример на држава, која успеала да ги надмине меѓуетничките разлики за заедничка поголема цел, како  што е членството во НАТО. И покрај сите проблеми, во разговор за „Фокус“, тој е оптимист дека можат да се надминат и недоразбирањата со Република Српска, за кои вели дека се базираат на вештачки наметнат страв. Нема одговор на прашањето зошто токму БиХ и Македонија имаат највисока стапка на смртност од ковид 19 во светот.

КОГА ДОМОТ ЌЕ СТАНЕ ПЕКОЛ
Најголем дел од убиствата на жени во Македонија се извршени од сегашниот или поранешниот партнер на жртвата. И додека државата се обидува да го усогласи законодавството, илјадници жени живеат во пеколот на семејното насилство. Некои  завршуваат и зад решетки поради одбрана на сопствениот живот.

ПОЛИТИЧКИ ПОНУДИ
Пред еден месец беше оправдано да се надева човек дека Алтернатива може да биде лојален партнер, ама сега да очекува лојалност од неа за својата коалиција е сосема бесмислено. Но, можеби и Гаши сега да објасни дека оној кој со ВМРО-ДПМНЕ не пробал да дојде на власт после успехот на локалните избори нема срце, ама оној кој сега би ја одбил великодушната понуда на СДСМ за влегување во власта, тој нема памет

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
По толку многу молење, барање оставки, цвилење и закани власта сама да си ги собере парталите, кротко да си замине и да ги остави портите отворени за да навлезат „војводите“, се плашам дека повторно ќе направат некои тешки глупости слични на априлските, ако не и нешто подраматично што ќе се одвива дури и надвор од парламентот

Наум СТОИЛКОВСКИ
Поголема шизофреност е барањето на Африм Гаши за меѓународна ревизија на случаи веќе ревидирани во судските лавиринти, да тврдиш дека има политичко влијание врз пресудите, а својот скок во коруптивната и криминогена влада (нели, ќе ја рушеше) да ја образложуваш со шанса за брзи евроинтеграции

Јанаки МИТРОВСКИ
Како може било кој правник, образован во странство, во други правни системи, да толкува пресуди и предмети од нашиот систем? И обратно? Заев тврди дека довербата во судството е поодамна разнишана. Па, четири години сте власт, што не ја зацврстивте? Ама си ставивте рака и вие, си биравте ваши судии и членови на Судски совет, па разнишана била!

Стојан АНДОВ
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ  бараа наместо формулацијата што беше дадена и ја поддржа Комисијата за Уставни прашања, тој член да се промени и да гласи-“Република Македонија е држава на македонскиот народ.“ Тие се обидуваа да докажат дека во Преамбулата, каде што стои споменатата одредба, да се внесе нивното барање и малцинствата да не се споменуваат како носители на суверенитетот.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Синдромот „преплетени црева“ логицира дека „будалата подобро се снаоѓа во својот двор, отколку паметниот во туѓ“, односно според докажаното и потврдено „поарно близок, тој нема да зафркне“.