Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Дискутабилно прашање е дали може и ретроактивно да се проверува незаконски стекнатиот имот и колку е реално да има толкав голем опфат, како што се планира, бидејќи во овој момент се чини како невозможна мисија да се проверат сите граѓани со имот поголем од 30.000 евра
ОД ДРУГ АГОЛ
Ако се присетиме дека на ланските парламентарни избори СДСМ се олесни за околу 110.000 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ дури за околу 140.000, останува да се калкулира дали и колку Петре и Данела ќе можат да вратат на партиското конто или, пак, добар дел од тие 250 илјадарки ќе завршат кај Ана, Камиказа или Торте
ФИНГЕРПРИНТОТ И ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ
Надлежните уверуваат дека сме спремни за новиот начин на гласање наесен со отпечаток на прст, за што се искешираа и 11 милиони евра. Намерата беше на овој начин да се оневозможи полнењето на кутиите и двојното гласање, но реалноста, сепак, е поинаква.
ЗЛАТЕ МЕХМЕДОВИЌ: ДЕЛТА СОЈОТ МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА КОМПЛИКАЦИИ НА МОЗОКОТ КАЈ ДЕЦАТА
Доктор Злате Мехмедовиќ доаѓа од Здравствен дом-Скопје, каде што одреден период беше и директор. Тој во моментов работи во ковид-центрите на интерните клиники. Мехмедовиќ во интервју за „Фокус“ објаснува како наеднаш букнаа алармантните бројки на заразени и починати од Ковид 19, зошто граѓаните треба да се имунизираат, која е разликата меѓу индискиот сој и зошто е пострашен од другите, кои се причините за толку црните статистики кои ја тресат земјата повеќе од година и пол…
ДО КАДЕ Е ИСТРАГАТА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
По повеќе од една година од пропаѓањето на Еуростандард банка никој не е виновен за пропаднатите пари на штедачите и фирмите. Обвинение нема, а според информациите на „Фокус“, најверојатно за големиот скандал ќе одговараат само раководните структури на банката, но не и некој од Народна банка
КАКО РАБОТИ АНСАМБЛОТ ЗА АЛБАНСКИ НАРОДНИ ОРА И ПЕСНИ?
Националната установа Ансамбл за албански народни ора и песни, од своето основање до денес, реализирала вкупно пет јавни набавки. Нема јавно достапен состав на управен одбор и јавно достапен статут. Не се знае дали има правилник за исплата на хонорари. Раководството на институцијата ни посочи дека треба да пишуваме за нивните настапи и успеси. На прашањата за трошење на буџетските пари немаше време да одговори
НЕОДОЛИВА ПРИВЛЕЧНОСТ НА СЕРВИЛНОСТА
Оној кој сака да постигне успех како независен кандидат, треба на прашањето „кој стои зад тебе“ да одговори со „никој, што значи дека и никој не може нож во грб да ми забие“, а на прашањето „чија си ти продолжена рака“, да одговори со „јас сум ваша продолжена рака, со која можете да им удрите шамар на сите кои покажале дека немаат образ“
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Ќе „падне“ Шилегов. А ќе паднат и сите други во тој ланец во којшто се фатени сите. ЌЕ паднат сите од прв до последен. Затоа што луѓето едноставно – не трпат лаги, ниту лажни месии! А после ќе се дојде до одговорите – што тоа крие Шилегов
Ана ПАНОВСКА
Можеби ќе се успее во македонскиот парламент да се донесе еден ваков закон за потеклото на имотот, иако се сомневам тргнувајќи од „општонародната филозофија“ за човековите права, па тајноста на банкарските сметки, па неповредливоста на приватната сопственост… не ми текнува што сè ќе се смисли во текот на јавната расправа
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Конјуктурните интереси и комбинаторики на статус кво партиите СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, никогаш не ги откриваат темните петна од бесчесните игри. Тоа е нивна омерта, мафијашки закон за молчење. Принцип на кој функционираат Римокатоличката црква и Мафијата, како најмоќни и најтрајни светски организации!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако вкупните општествени, економски и делумно политички резултати во развојот на државата не ни се баш најдобри, логично се поставува прашањето за успешноста на сите оние претседатели на државата, премиери, министри и другите ешалони на власта во нејзиното практикување
Стојан АНДОВ
Во август 1991 година, Љупчо Арсовски дојде кај мене со предлог да отпатувам со делегација во Грција на 9-ти септември. Основа на неговиот предлог беше што на тој датум во Солун се држи голем велесаем. Арсовски ме потсети дека има пријатели Грци, кои ќе н`и помогнат да оствариме важни контакти кога ќе одиме таму.