1353

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Некако лесно се навикнавме низ годините за секој наш проблем да бараме помош од странците и да не веруваме дека можеме нешто сами да направиме. Се соживеавме и навикнавме на нашата состојба на „зависна независност“. Како и на наративот дека сме мали, стратешки важни, ама загрозени од сите страни

ОД ДРУГ АГОЛ
Додека млади, учени и паметни деца ни бегаат од државата, ние како да сме станале Ветена земја за кримосите од сите „бои и лакови“. Тука можат официјално да си извадат лажен пасош ако се во зорт. Тука можат лица од меѓународна потерница да напредуваат во дипломатската кариера. Тука можат осудени лица на казна затвор да развезуваат странски државјани зашто, официјално нели, си имале здравствени проблеми

БОЛНИЧКИ ДОЛГОВИ ЗА КИСЛОРОД И ЛЕКОВИ
Повеќе од 90 проценти од пациентите заразени од корона, кои беа болнички третирани биле ставени на кислородна поддршка. Градската болница „8 Септември“ за време на ковид пандемијата потрошила 400 тони кислород на годишно ниво, за што претходно трошеле само по 80 тони.

КАКО ПОЖАРИТЕ ГИ ПРЕТРКАА РЕФОРМИТЕ
Во последните дваесетина години, просечната годишна штета од шумските пожари се проценува на над 6 милиони евра, меѓутоа годинава надмина 30 милиони евра, со оглед дека, според официјалните податоци, во околу 150 шумски пожари изгореа скоро 450.000 кубни метри шума. Пожарите, а со тоа и штетите, дефинитивно можеле да се ублажат доколку во земјава постоеле системи за рана детекција на шумски пожари.

ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – КАМИКАЗА: СКОПЈЕ ТРЕБА ДА СЕ ОСЛОБОДИ ОД ОКУПАТОРИТЕ, КОИ ГО ГУШАТ
Петар Георгиевски или Перо Камиказа помладите го паметат како основач и басист во култниот бенд „Меморија“, но и по улогата на Рио во серијата „Трст Виа Скопје“. По шест години поминати во Суботица, се вратил во Скопје, не продолжил да работи во театар, туку во тогашната Радио-телевизија Скопје. Во 1989 година ја формира „Меморија“, чија песна „Кога си сам“ е своевидна асоцијација на формирањето на суверена независна Република Македонија. Сега на 61 година, Георгиевски во интервју за „Фокус“ зборува како целото искуство и знаење ќе се обиде да го покаже ако стане прв човек на Град Скопје

УЧЕБНАТА ГОДИНА ПОЧНА, НО НЕ ЗА СИТЕ
Четвртоодделенците веќе почнаа да ги користат дигиталните учебници преку апликацијата „Е-библиотека“. Ја тестиравме апликацијата и погледнавме како изгледа дигиталниот учебник по Историја и општество. И додека децата со типичен развој навлегуваат во дигитализирано образование, нивните врсници со атипичен развој останаа дома поради доцнењето на распределбата на образовните асистенти

МОЌТА НА БРОЈКИТЕ
Кога напролет ќе раззелени ќе дознаеме од пописот колкумина од нас се раселени. Кога ќе сфатиме колку точно должи секој од нас нема да сонуваме за нови заеми, туку ќе мислиме како да организираме нов саеми за да ја зајакнеме реално економијата. Нема да прашуваме зошто не нѐ бива туку со што би нѐ биднало

 

Колумнисти:

Јанаки МИТРОВСКИ
Такви менаџерски способности, да им седиш на сите во скут и на крајот баш сите да ги зезнеш, ретко кој има во Македонија. Сѐ до следната смена на власта. Но, не би ме зачудило Кичевскиот и тогаш да исплива на површина. И читајќи ја оваа колумна, некој вратар во Македонија си фантазира дека и нему може да му се посреќи како на Кичеец!

Линдита КАДРИУ
Најлесно стана да дипломираш во некој од соодветните универзитети. Некогаш е доволно да ги имаш потребните телефонски броеви оти испити се положуваат и со јавувања на Овој, на Оној. Се поделуваат обврски, кој кому што да каже и каков поздрав да прати.

Стојан АНДОВ
Референдумското изјаснување во соседните земји не наиде на одобрување. Атина го оцени референдумот како скопска опасност за Грција. Бугарија најави дека ќе ја признае државата, но не и нацијата, а Албанија го одобри бојкотот на албанската етничка заедница во земјата. САД изразија задоволство од умерениот пристап и духот на компромис што ги покажуваше Македонија.

Мухамед ХАЛИЛИ
Се надевам дека на темата како дојде до Охридскиот договор ќе отвориме внатрешен цивилизациски дијалог, на што првиот заменик на премиерот Артан Груби веројатно ќе се сложи, без премиси на закани, политичка одмазда и други мерки од позиција на власт

Љупчо АРСОВСКИ
Соговорниците, главно значајни личности од економската средина на Грција, со посебно внимание ги следеа фактите за огромната излезност на граѓаните на референдумот, а особено високиот позитивен резултат беше претставен како цврста определеност за потреба од прифаќање на новата реална ситуација и нашата определеност и став на македонското раководство за наоѓање мирни решенија за излез од кризата

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За очекување е дека политичките партии, секоја од свој агол и појдовни позиции, да калкулира и да злоупотребуваат определени податоци. Но, тоа во никој случај не треба да го обезвредни пописот сам по себе, особено што сосема е јасно дека без податоците што тој ќе ги даде нема да знаеме во кој правец да чекориме

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Најпозната од многубројните фирми на култниот андерграунд херој беше Осигурителното страшилиште „Корона инс“. По неговата смрт, најмалата од трите ќерки, Александра, која кога беше убиен имаше едвај десет години, ја трансформира како приватна детективска агенција „Корона АИК“.