1351

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
За земја што е рангирана на 75-то место од 150 земји во светот на листата на ООН, а нејзините луѓе се водат како најнесреќни во регионот, пораката „вакцинирај се, за моменти среќа“, во најмала рака, е недолична. И, што би рекле нашиве комшии од север, ми личи на спрдачина

ИЗГУБЕНИ ВО ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ
Веќе десетина дена му требаат на Министерството за здравство да преброи дали во речиси 10.000 заразени имало и такви кои веќе еднаш го прележале вирусот. Избројаа дека меѓу нив има вакцинирани, но ни збор за овие првите. Поради тоа се создаде сомнежот дека прележаните, сепак, се позаштитени, односно имаат посилен имунитет од вакцинираните, како што тврдат дел од лекарите.

ДИВОГРАДБИ НА ПОПОВА ШАПКА
По пријава на тетовската полиција, јавното обвинителство отворило постапка за изградбата на бачила на Шар Планина, дознава Фокус. Според нашите информации, предмет на интерес биле бачилата  „Цирипашина“,  „Џинибег“, „Јелак“ и „Голема Сумрека“, кои се поврзуваат со семејството на директорот на Управата за животна средина од ДУИ Хисен Џемаили и со хрватскиот бизнисмен Томислав Тишка.

ТЕНДЕРСКИ ШЕМИ
Албанските медиуми на големо пишуваат за тендерските скандали на познатиот бизнисмен во Албанија, Григор Јоти, кој се наоѓа на листата на 10-те најбогати луѓе во Албанија. Познатата компанија за компјутери и во Македонија учествува на тендери, каде што склучува договори со најголемите државни институции

КАНАБИС ОД ЛЕСОТО
Над 60 компании имаат лиценци за производство на канабис, но сепак, и оние неколку фирми кои имаат опрема и стандарди за екстракција на канабисот, наместо од македонските компании, увезуваат био маса од канабис, од други земји. Фирма од Лесото објави дека во Македонија ќе бидат увезени 8,5 тони сув цвет од канабис, но институциите негираат дека има договор за увоз на толкава количество

АВГАНИСТАНСКИ БЕГАЛЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
Ризик фактори се дека овие луѓе никогаш нема да можат да се вратат во Авганистан, а кон Америка, веројатно ќе одат само селективно (според стручната спрема). Опасност што не може да се занемари е и големата можност од подметнување искусни терористи и борци меѓу бегалците, што е веќе видено сценарио.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА ПОЛАРИЗИРАНОСТА
Кога си поларизиран, постои само една друга страна – погрешната. Ако си на Северниот Пол, сѐ друго ти е југ, ако си на Јужниот Пол, сѐ друго ти е север. Така е и со имањето екстремни ставови. Кога си убеден дека за сѐ си максимално во право, секој што има дури и за нијанса поинакво мислење од твоето, длабоко греши и е во тешка заблуда

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
„Љубовџијата од Водно“ не смее да одговара, а полицајка, млада жена ќе остане во болница со скршеници. „Љубовџијата од Водно“ не смее да одговара, па макар бил и пироман што ја запалил пола Македонија. „Љубовџијата од Водно“ не смее да одговара макар бил и прв човек на единицата Тигар!

Ана ПАНОВСКА
И додека лицитираме по дома кои од купот партиски активисти, независни кандидати и довчерашни преоблечени пулени на големите партии треба да ги заменат досегашните општински татковци и мајки, го забораваме најглавниот − неговото величество „референт во општина“

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Барем половина од административците не би можеле да поминат серозен психотест, а една четвртина проверката на знаење. Отприлика само околу една третина ги исполнуваат професионалните и морални критериуми.

Јанаки МИТРОВСКИ
На овие избори ќе има независни листи за Скопје, Карпош, Гази Баба, Битола, Тетово и Прилеп, колку што мене ми е познато. Од нив запознат сум со иницијативата за Скопје, Зелен хуман град, Независни за Карпош, Че вреди за Прилеп и Поинаку за Битола. И би гласал за сите од нив да би можел. Зошто?

Линдита КАДРИУ
Во ребрендираното Тетово кое тоне во ѓубре каде и да се завртиш, во кое луѓе сé уште немаат редовно вода, низ Пена пловат дијапазон отпадоци инспиративни за видео-арт, не се изгради ниеден нов парк, а старите се надвор од сферата на интерес. Во таквата апатија креативната спрега на Академијата со општината се чини надреална колку, да речеме, прскалките за вода, кои ги има во единствениот однегуван парк.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сега е одговорноста на системот да се справи со криминалците во сопствените редови и да го “избричи“ Штипскиот берберин соодветно како што тој ги “бричел“ граѓаните и претпријатијата. Се` друго ќе придонесе Основниот и Апелациониот суд во Штип и понатаму, оправдано или не, да останат обележани како “Арамиско гнездо“

Стојан АНДОВ
Мирно му објаснив  на претседателот на хрватскиот Собор за нашите односи со ЈНА. Му реков дури и ако сакаме и ако решиме да нападнеме на единиците на ЈНА во Македонија, ние немаме оружје за тоа. Хрватска ја води оваа голема битка кај Вуковар, ама последните месеци од 1990 и цело време во 1991 година се вооружуваше преку Унгарија и Словенија. Ние имаме територијална одбрана, ама таа е без оружје.