1349

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Што ако бројките на заболени рапидно растат? Излегува дека најважно е Груби и ДУИ по секоја цена да си го истераат ќефот и на 13 август да направат големо славје во „Александар палас“. Во затворен простор, со 300 гости и цех од половина милионче евра. Има се, може

ОД ДРУГ АГОЛ
Ја разрешија Петровска, не затоа што не ја бива, туку што била во конфликт со лидерката на ДОМ, Морачанин. Како што Стојко му пркосеше на лидерот Заев, та и тој се збогува од директорската позиција. Така што, додека надлежните за справување со пожарите или со пандемијата се во фини односи со лидерот на партијата во чија „надлежност“ е ресорот, гром нема да ги бие

ВЛАДИНИ КОВИД МЕРКИ
Уште неколку дена, на 16-ти, кафеаните ќе станат забранети за невакцинираните, па оние штотуку боцнатите со прва доза ќе можат на раат да се качат на маса и да запеат „Кафана е моја судбина“. На повидок е дискриминација, но и невозможната мисија келнерите да се преправат во полициски службеници, кои единствено смеат да легитимираат. Ќе влезе ли борбата против ковид-19 во правна стапица?

КАКО СЕ СПРАВУВАМЕ СО ПОЖАРИТЕ?
Главна причина зошто толку долг период не се сервисирани противпожарните авиони е проблемот со тендерот, во кој учествувале два економски оператори. Досега пропаднале два тендери поради сомнеж за корупција. Нашите извори тврдат дека битката за да се добие оваа бизнис-зделка се водела меѓу Шпанците и Србите, од кои првите понудиле многу висока цена, додека вторите не ги исполнувале условите. Во меѓувреме, додека авионите не летале, ДЗС нормално си правела тендери за нивните потреби, и тоа во вкупна вредност од над 730 илјади евра

ШТО СОДРЖАТ ПРОТЕЧЕНИТЕ СНИМКИ НА КИЧЕЕЦ?
Двата запленети телефона на Зоран Милевски – Кичеец никогаш не биле вештачени, бидејќи одбил да ги даде шифрите за нивно отклучување, дознава Фокус. Во меѓувреме, постојано излегуваат аудио-снимки каде еден од соговорниците е Кичеец, кои, меѓу другото, откриваат обиди за влијание врз судски процес, во чии рамки, според документацијата што ја поседуваме, негови пријатели добија поблага преквалификација.

ИНИЦИЈАТИВА ОТВОРЕН БАЛКАН
Нема дилема дека иницијативата „Отворен Балкан“ е економски корисна, а политички визионерска. Сепак, останува фактот дека не е поддржана од ЕУ и дека и во самиот регион има сериозни отпори. Најголема надеж дава тоа што САД застанаа отворено зад оваа иницијатива и дека лобираат за нејзиното проширување и на другите три држави од нашиот регион

БЕГСТВО ОД КОВИД РЕАЛНОСТА ВО МАЛДИВИ
Иако пандемијата со корона вирусот сѐ уште е во полн ек, Малдивите имаат сопствен систем, кој им дозволува да примаат туристи и да ги намалат загубите. И сѐ е поради поставеноста на оваа тропска дестинација и фактот дека земјата е составена од 1.192 мали острови, кои се совршени „точки за изолација“

МОЌТА НА НАРАТИВОТ
Кога премиерот што не го сакаш е на одмор, додека има проблеми во државава, тоа е јасен доказ дека тој е социопат кому не му е гајле за сопствената држава и народот. Но, кога премиерот што го сакаш е на одмор додека има проблеми во државава, тоа е јасен доказ дека тој сигурно се погрижил сите институции да функционираат перфектно и без него

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Залудна е мантрата „Системот функционира“. Тоа е пиар мантрата всадена во секоја втора реченица на режимот. Реалноста е далеку од тоа. Перењето на мозоци не успева. Среде трагедијата сета системска реакција изгледа нереално откако Заев со мерцедесот, којшто веќе не е „гребен од мачки“, отиде да го фали „ФАП“-от стар 50 години и некојси Јоцо Манго

Линдита КАДРИУ
Квалитетните кадри се склони да инспирираат и присоберат квалитетни луѓе околу себе. Таквите можат да го подигнат нивото на политичко застапување. Да прозрачат. Да воспостават нов модел на политичар, со потекло, кариера, однесување, со ум и срце.

Стојан АНДОВ
Месец дена по смртта на Јосип Броз Тито бев поканет во Брисел. Каферкам бараше да се сретнам со него и со Рој Џенкинс, претседателот на Европската комисија. Во подолг разговор, по убавите зборови за Тито и неговите заслуги, Џенкинс ми кажа дека во круговите на ЕЕЗ се заговара можноста за пет години, заедно со Шпанија и со Португалија, каде што тоталитарните режими беа во трансформација, да се изведе постапка и за прием на Југославија во ЕЕЗ заедно со овие две земји

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во изминатите три децении вазалство, донесени се над шест илјади закони, ама наместо правото, владеат ашлаците на власт. Под нивно водство, минималната плата достигна околу 250 евра. За споредба, во Германија затворениците добиваат по 620 евра, а во Швајцарија 730 евра.