1347-1348

by fokus 19:18
19:18

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Две важни пораки можат да се извлечат од последните настани. Првата, дека е поисплатливо да сте организатор, отколку извршител на кривични дела. Втората, дека министрите и директорите ни биле имуни на корупција, а таа досегала само до третиот ешалон на власта

АНТИВАКСЕРСКА КАМПАЊА
„Фокус“ веќе подолг период ги следи кампањите против имунизација на социјалните мрежи, па се потрудивме да поразговараме со најжестоките поборници на овие сфаќања, кои никако и на никој начин, како што тврдат, нема да отстапат од своите ставови. Меѓу нив има и доктори.

- Advertisements -

ДЕЛТА СОЈОТ ГО ТУРКА СВЕТОТ НА КОЛЕНА
Иако во Македонија засега има само неколку десетици случаи на делта сојот – светските искуства покажуваат дека таквата „блага“ состојба може да се промени буквално преку ноќ. Драматично е тоа што од делта сојот страдаат и државите каде што процесот на вакцинација е речиси завршен, а ние како што е познато сме многу далеку од таквата состојба

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ БЕЗ ЕПИЛОГ
Најголем дел од кривичните пријави против поранешните градоначалници сѐ уште се без епилог, а речиси сите се гонат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Обвинителството веќе не може да ги изброи пријавите што се поднесоа против вмровските градоначалници, но никој од нив не е во затвор, и покрај толку исштанцани пријави.

ФИЈАТ ЦАНОСКИ: ГРУЕВСКИ И НЕГОВИТЕ „ВОЛЦИ ОД БЕЛИЗЕ“ САКАА ПРЕКУ ОФШОР КОМПАНИИ ДА МИ ГО ЗЕМАТ ЦЕЛИОТ ИМОТ ЗА ЏАБАЛАК
„Се однесуваа како да сум непријател број 1 на државата. После рушењето на Космос ни наплатија комуналии ама и камати од преку 6 милиони евра. ..Ова е само мал дел од маките со кои се соочил Фијат Цаноски откако на почетокот на 2011 г. ја напушта коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, објаснува и дека одмаздата на Груевски започнала „многу поодамна од денот кога одлучија со динамит да го рушат мојот приватен капитал“. По подолго време молк, ова е прво излегување во јавност на Цаноски, кој неодамна се повлече од лидерската позиција во Партијата за европска иднина.

KРИМИНАЛ ВО БОРЕЧКА И СКИЈАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА?
Постојат сериозни индиции за злоупотреба на финансиски средства во Боречката федерација, за кои веќе пишуваше Фокус, како и  нерегуларности и незаконитости при изборот на претседател на Скијачката федерација на Македонија. Тоа допрва ќе треба да го истражуваат надлежните органи и вистината да го дочека своето спортско утро.

МЕНАЏИРАЊЕ НА ХЕРОИ
Секогаш кога се на власт вмровците, тие се жалат дека специјална војна се води против нив, како тоа да е некое оправдание, чиниш водат семкарница, а не држава среде регион познат по тоа што околу него се кршат копјата на големите сили со векови. Сдсмовците, пак, упоро се жалат дека народот е заостанат и не ги следи во чекор и дури не ги ни разбира нивните реформски обиди и напори, чиниш народот е должен да работи за власта, а не таа за него

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
По ваков извештај од Вашингтон да изјавиш дека тој е само „ветер во грб“, со тоа испраќаш само една порака – дека свесно си им го завртел грбот! Затоа овие локални избори се многу важни, за да се стави крај на натамошно „дупчење“

Линдита КАДРИУ
Домаќинка, најпростодушна жена да имавме за претседателка, за кратко време ќе заклучеше: овде треба поголем број контејнери, или почесто чистење, а најдобро и поставување камери до депониите внатре во градот. Така и буџетот се полни.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Искуството покажува дека довербата тешко се стекнува, но лесно се губи. Секако дека има случаи кога довербата, всушност, се дава на „слепо“, како емотивна реакција на разочарувањето од изиграната доверба што претходно му била „подарена“ на некој друг. Оттука и се помалата излезеност на изборите!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Навистина, за што се боревме?  Белким не за ноторен историски фалсификат, анахронизам со кој временскиот континуум од три децении ќе го прикажуваме како историја на лабораториската творба Северна Македонија?