1350

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Можеби 2030 г. ќе има прослава во Кабул и во Вашингтон за десетгодишнината од договорот од Доха, како што кај нас се стори цела фешта за две децении од Рамковниот. Мировни договори се, нели. Не е спорно дека секој воен конфликт е подобро да заврши со договор. Не ми се спорни ниту правата што потоа се внесоа во Уставот. Шашаво е само што свесно се занемарува моментот – дали без крв и оружје можеше да се постигне истата цел!?

НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ
Големата недоверба кон актуелните политички партии се прелеа во многубројни независни граѓански листи, кои собираат потписи за претстојните локални избори на 17 октомври. Советите во општините може да се освежат со нови имиња, но расцепканите независни листи тешко дека ќе ги победат партиските гласови

АНА ПЕТРОВСКА: НЕМА ДА МЕ УПЛАШИ ХАЈКАТА ШТО СЕ ВОДИ ПРОТИВ МЕНЕ ВО БИТКАТА ЗА ПОЧИСТО И ПОХУМАНО СКОПЈЕ
Оние што одблиску ја познаваат Ана Петровска, за неа ќе кажат дека таа не е екологист  по професија, туку по душа и по стил на живеење. Во моментот додека го правевме интервјуто за „Фокус“ беше само разрешена директорка на Инспекторатот зад која се крена голема прашина, а од вторникот кога ја објави независната кандидатура за градоначалник на Скопје, против неа почна цела канонада од обвинувања. Дали ги очекуваше нападите и колку е подготвена да влезе во политичката битка?

„ПЛАЦОВИТЕ НА ВОДНО“
 Обвинетите во „Плацовите на Водно“ имаа еден месец да размислат за својата тактика за одбрана, односно дали повеќе ќе им се исплати да одат на судење, или веќе на следното рочиште да признаат вина, со што би дошле до помала казна. Ваквото сценарио се чини дека најмногу му одговара на бизнисменот Орце Камчев, кој со признанието, многу веројатно, би се спасил и од притворот во „Шутка“.

АВГАНИСТАН ВО РАЦЕ НА ТАЛИБАНЦИТЕ
Америка не е воено поразена, но е морално уништена и допрва ќе треба да се справува со сомнежот кој го предизвика кај сите нивни сојузници насекаде низ светот. Од друга страна, Македонија има свои грижи поврзани со евентуална терористичка одмазда на талибанците, кон сите окупатори на нивната земја во изминативе дваесет години.

МЕНАЏИРАЊЕ НА СОЈУЗНИШТВА
Секој гласач треба да сфати дека партискиот лидер кој од него бара глас не му е ни брат, ни старосват. Тој може максимално да биде твој сојузник кој ќе ти обезбеди бенефити додека има потреба од тебе. Затоа, гледај ти од него да истеглиш колку што можеш повеќе, и не се срами да му свртиш грб пред тој тебе да ти сврти грб, затоа што тој ќе ти сврти грб, штом веќе нема да има потреба од тебе

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Со што ли „Црни Петко“, Петре Шилегов ќе застане пред скопјани за да се бори за втор мандат? Како „ас(ли)“ скопјанец знам дека скопјани ќе искршат „руки и ноги“ за да отрчаат да го сменат. Едноставно, не поднесуваат лаги. Тука фолови не поминуваат, а ни поткуп така лесно.

Ана ПАНОВСКА
Неколку сопственици на мали фирми кои ги прашав што ќе прават со нивните вработени паролаши од типот „Мое тело, мој избор“, возвратија со истите зборови: „Мое тело, мој избор! Кој од вработените не сака да се вакцинира не го оставам да му се приближи на моево „слободно тело“ и на телата на другите вработени!“

Линдита КАДРИУ
Случајно, преку Летната фотографска школа во Маврово, се здобив со друга, повредна – она на секојдневното кафеанско беседење близу Градскиот парк во Скопје, каде што со години во истиот термин од 12-15 часот се собиравме на мекамлиска дружба

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ова е апокалиптично време! Пандемијата, поплави, пожари, суши. За успешно справување со нив е потребна слога и заедништво. Онаа нација и онаа држава која ќе го обезбеди тоа ќе добие шанса за преживување. Сите останати ќе заминат на буништето на историјата и во заборавот на планетата Земја

Стојан АНДОВ
Претседателот на Републиката Киро Глигоров   ми подаде едно ливче на кое пишуваше: „Да распишеме референдум. Граѓаните да се изјаснат по следното прашање: Дали сте за суверена и независна Македонија со право за стапување во идна заедница на суверени држави на Југославија?“

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Има таква недовршена држава со околчена територија, прекрстено име, оспоруван идентитет и јазик, „гола вода“ институции и поделено општество по хоризонтала, вертикала и дијагонала. Мала, сиромашна, оксиморонска балканска територија, која три децении неасални дилетанти политиканти пуздер ја прават и мамето ѝ го плачат.